Ким Јонг- Ун лансираше нова ракета за која изјави дека може да го погоди кој било дел од Соединетите држави.
Вести
-
Свет 30.11.2017 13:02
-
Македонија 30.11.2017 12:55
Усвоено барањето за притвор на шестмината пратеници на ВМРО-ДПМНЕ
Комисијата за деловнички и мандантно- имунитетни прашања денеска напладне за само половина час донесе заклучоци со кои на Собранието му се предлага да бидат одземени мандатите на шесте пратеници. На седницата не присуствуваа пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 30.11.2017 12:50
Британска амбасада: Насилствата во Собранието мора да имаат судска разврска
Британската амбасада во Македонија оценува дека насилствата во Собранието од 27-ми април годинава мора да се истражат и да имаат судска разврска.
-
Свет 30.11.2017 12:45
„Пју“: Муслиманите побројни во Европа до 2050-та година
Според истражувачкиот центар „Пју“, бројот на муслиманите во Европа, кои сега сочинуваат 4,6% од населението, ќе се зголеми најмалку два пати до 2050 година.
Американскиот институт вклучил во анализата 28 држави од Европската унија, Норвешка и Швајцарија.
-
Македонија 30.11.2017 12:44
Димитров- Тилерсон: Поддршка за реформите и влез во НАТО
Разликите за името со Грција, состојбите во Македонија и регионот биле теми на разговорот на министерот за надворешни работи Никола Димитров со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во Стејт Департментот во Вашингтон. Шефот на дипломатијата побарал поддршка од САД за прием во НАТО.
-
Македонија 30.11.2017 12:40
Бошковиќ: Црна Гора ќе ја промовира Македонија во НАТО
Црна Гора ќе биде најголем промотор на македонските интереси во евроатланскиот процес- порача црногорскиот министер за одбрана, Предраг Бошковиќ по средбата со мисинстерката Радмила Шекеринска.
-
Македонија 30.11.2017 12:34
Бејли: Виновниците да одговараат, но да се почитува и презумпцијата на невиност
Виновниците за насилствата во македонското Собрание на 27-ми април треба да одговараат, но мора да се почитува и презумпцијата на невиност- порача денеска Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли.
-
Македонија 30.11.2017 12:23
Ново рочиште за случајот „Труст“
Во Кривичниот суд Скопје денеска се одржува ново рочиште за предметот на СЈО „Труст“, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“.
-
Свет 30.11.2017 11:45
Трамп и Меј со меѓусебни критики на Твитер
Американскиот претседател Доналд Трамп преку социјалната мрежа Твитер ја повика британската премиерка Тереза Меј да не се занимава со него, туку да се ангажира околу проблемот со радикален исламизам во Британија.
-
Македонија 30.11.2017 10:54
Пресуда за петообвинетиот за случајот „Насилство во Центар“
Кривичниот суд во Скопје денеска треба да ја донесе пресудата за петообвинетиот во предметот на Специјалното јавно обвинителство- „Насилство во Центар“, Јордан Ристевски, кој на вчерашното рочиште самоиницијативно призна вина.










