Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија организираат бизнис форум и билатерални средби меѓу странските инвеститори и домашните компании, кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи.
Вести
-
Економија 30.11.2017 10:49
-
Македонија 30.11.2017 10:45
Хан: Можно решение за Македонија во првата половина на 2018-та
Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан очекува во првата половина на 2018-та година да се најде политичко решение со Грција за отворање на преговорите со Македонија за членство во ЕУ.
-
Македонија 30.11.2017 10:40
Тилерсон: Македонија е на добар пат да биде успешен пример за регионот
Македонскиот шеф на дипломатијата Димитров вчера беше примен од Рекс Тилерсон, државен секретар на САД. На средбата Тилерсон истакнал дека Македонија е на добар пат кон успехот и треба да биде пример за регионот.
-
Свет 30.11.2017 10:37
Вашингтон бара построги санкции за Пјонгјанг
Вашингтон со ново предупредување до севернокорејските власти откако Пјонгјанг ги тестираше новите интерконтинентални ракети со дострел до САД.
-
Економија 30.11.2017 10:34
Почнува пријавувањето субвенции за рибарство
Овластените институции од областа на рибарството, рибарски здруженија и организациите на производителите и концесионерите имаа дополнителен рок за достава на барање за финансиска поддршка на проекти за нови пазари и промотивни кампањи.
-
Македонија 30.11.2017 10:33
Македонија очекува забрзана евроинтеграција наредната година
Европа нема да биде цела и слободна без прием на Mакедонија во ЕУ и во НАТО. Не е одржлива стратегијата една држава да се држи во чекална.
-
Економија 30.11.2017 08:20
Продолжува комисиската расправа по Предлог-буџетот за 2018
Во Собранието на Република Македонија денеска на седница на Комисијата за финансирање и буџет ќе продолжи расправата по Предлог-буџетот за 2018 година.
Општиот претрес по предлогот започна завчера и според Деловникот трае 10 работни денови. Комисијата не заседаваше вчера и завчера.
-
Македонија 30.11.2017 08:16
Црногорскиот министер за одбрана Предраг Бошковиќ во посета на Македонија
На покана на министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во официјална посета на Република Македонија ќе престојува министерот за одбрана на Црна Гора, Предраг Бошковиќ.
Предвидена е средба на двајцата министри, по што ќе се одржи и средба на двете делегации.
-
Македонија 30.11.2017 08:13
Барањата за притвор на пратениците пред Комисија за мандантно-имунитетни прашања
Комисијата за деловнички и мандантно- имунитетни прашања денеска напладне ќе почне да ги разгледува двете барања за притвор за шестмина пратеници, на барање на судиите на претходна постапка, Весна Димишкова и Ненад Савески, од Основниот суд Скопје 1.
-
Македонија 29.11.2017 19:57
Џафери ги достави барањата за притвор на пратениците до ресорната Комисија
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери вечерва ги достави до Комисијата за мандантно-имунитетни прашања барањата за притвор за шест пратеници.










