На гласачкото место 2901 во општина Чаир каде се прегласува вториот круг од Локалните избори дo 10 часот на гласање излегле 4,45 процнти од запишаните избирачи.
Вести
-
Македонија 12.11.2017 11:42
-
Македонија 10.11.2017 16:32
Од понеделник продолжува расправата за Законот за јазиците
Од понеделник продолжува расправата за измените во Законот за јазиците, брифираше првиот парламентарец Талат Џафери, кој ја соопшти и проекцијата за носење на законите до крајот на годинава.
-
Македонија 10.11.2017 16:28
Потребни се суштински реформи во образованието
„Образованието на крстопат- состојби, предизвици, решенија и перспективи“- тема на меѓународната научна конференција, на која од девет земји од регионот присуствуваа над триста учесници, презентирајки 107 научни трудови.
-
Економија 10.11.2017 16:13
Заев: Државната каса има развојна компонента
Буџет со развојна компонента, во фокусот напредок на економијата, отворање нови работни места– ова е главната карактеристика на предложената државна каса за в година, оцени премиерот Заев.
-
Македонија 10.11.2017 15:53
Недостиг на вода во Прилеп
Сушна година, малку врнежи - и прилепчани имаат проблеми со водоснабдувањето. Студенчица се симна на најниското ниво, незапметено досега - до 510 литри во секунда. За Прилеп, како последна од петте општини пристигнуваат 100-ина литри, а за викендите, кога потрошувачката е голема, и помалку.
-
Македонија 10.11.2017 15:22
Денови на Тиват во Скопје
Со свечено дефиле во центарот на Скопје, поблиску до традицијата во Тиват. Градот - туристички центар, станува препознатлив по големите инвестиции. „Кој и да се реши да дојде еднаш, ќе се врати повторно“, вели градоначалничката Снежана Матиевиќ.
-
Економија 10.11.2017 15:07
5,4 милиони евра за регионален развој
Анализа за трошењето буџетски средства по региони, пари за ранливите категории граѓани, реализација на иновативни и инфраструктурни проекти. Ова се трите компоненти на проектот за регионален развој.
-
Македонија 10.11.2017 15:02
Со „Жан Моне“ до партиски компромис
Проектот „Жан Моне“ не е замена за договорот од Пржино и тој останува онака како што е. Новиот институт треба да биде дијалог меѓу европскиот и македонскиот Парламент, рече Иво Вајгл, известувачот за Македонија од Европскиот парламент.
-
Македонија 10.11.2017 14:48
Џолев: Нема да дозволам политички притисок врз судиите
Од судиите ќе барам да постапуваат во согласност со законот, без притисоци и влијанија од политички структури. Ова го изјави новиот претседател на скопска единица откако даде свечена заклетва пред членовите на Судскиот совет.
-
Македонија 10.11.2017 14:30
Осуда за напдот врз лекарот од Токсикологија
48- годишниот лекар од Слупчане, вработен на скопска Токсикологија со остар предмет бил ранет во стомакот и во грбот. Инцидентот се случил на улицата „Мајка Тереза“. Во полиција било пријавено во 19 часот и 50 минути. МВР извести- се преземаат мерки за расчистување на случајот.









