Известителот на Европскиот парламент за Македонија, словенечкиот европратеник Иво Вајгл има средби во Собранието со претставниците на партиите застапени во македонскиот законодавен дом.
Вести
-
Македонија 09.11.2017 15:01
-
Економија 09.11.2017 14:58
Во понеделник ќе се знае дали „Фени“ ќе оди во стечај
Синдикатот на „Фени индустри“ по средбата во Владата, од вработените ќе побара протестот да го стават во мирување сѐ до понеделник, кога ќе се знае дали компанијата ќе оди во стечај.
-
Македонија 09.11.2017 14:51
Граѓански здруженија ќе работат на вклученост на Ромите во образованието
Пред дестина години имало 20 – 30 роми студенти, сега има околу 400, тоа е резултат на Декадата на Ромите и Стратегијата за инклузија на Ромите, велат од невладините.
-
Македонија 09.11.2017 14:48
Пожарот е локализиран, просториите се расчистуваат
Пожарот што беснееше во просториите на последниот кат на Градежниот факултет е локализиран. Нема повредени. Пожарникарите речиси еден час со 12 возила го гаснеа огнот. Според првичните информации, избувнал во една просторија на вториот кат, а потоа се проширил и во други два кабинета.
-
Свет 09.11.2017 14:18
Колумбија: Запленети рекордни 12 тони кокаин
Колумбиската полиција заплени над 12 тони кокаин со што вкупното количество за оваа година изнесува 362 тона. Дрогата била откриена во четири паралелни рации во северозападна Колумбија, во кои учествувале 400 полициски офицери.
-
Македонија 09.11.2017 14:14
Приведени тројца албански државјани на македонско-грчката граница кај Дојран
Тројца албански државјани приведени се при обид илегално да ја минат македонско-грчката граница кај Дојран.
-
Македонија 09.11.2017 13:25
Предлог- буџетот за 2018-та на владина седница
Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи својата 37 седница, на која ќе го разгледа и ќе донесе одлуки за Предлог- буџетот за 2018-та година.
-
Македонија 09.11.2017 13:21
Иванов: А-5 е отворена врата кон НАТО
Проширување на соработката меѓу земјите од А-5 групата за целосна интеграција во НАТО и придонес за безбедноста на Алијансата- тема на конференцијата на началниците на Генералшатабовите на армиите од земјите- членки на САД и Јадранската повелба.
-
Економија 09.11.2017 13:08
Јовановиќ: Се подготвуваат промени кај данокот на добивка
Владата веќе најави воведување на прогресивна стапка кај персоналниот данок на доход за највисоките плати од 1-ви јануари 2019-та, но во ресорот за финансии размислува и за реформа кај данокот на добивка.
-
Свет 09.11.2017 12:56
Трамп: Кина и САД да се здружат против Северна Кореја
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сите страни мора да се здружат за да го запрат вооружувањето и финансирањето на властите во Северна Кореја.










