Поради штрајк на грчките цариници, од изутрина во пет часот се затворени за сообраќај граничните премини „Дојрани“ и „Ники“ и се пропуштат само пешаци, а на „Евзони“ повремено се пропушаат патнички возила и пешаци, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Вести
-
Македонија 09.11.2017 08:57
-
Македонија 09.11.2017 08:53
Конференција на НГШ на армиите на САД и Јадранската повелба
Проширување на соработката меѓу А-5 земјите за целосна НАТО интеграција и придонес за безбедноста на Алијансата е темата на дваесет и првата Конференција на началниците на генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5) која денеска ќе се одржи во Скопје.
-
Македонија 09.11.2017 08:46
Шекеринска на состанок на министрите за одбрана на членките на НАТО
На покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО и земјите – придонесувачи во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.
-
Економија 08.11.2017 16:54
Влада и експерти: Буџет за финансиска стабилизација
Буџет за финансиска стабилизација- вака првиот човек на македонската влада ја оцени проекцијата на државната каса за следната година. Заев тврди- задолжувања ќе има само за капитални инфраструктурни проекти.
-
Култура 08.11.2017 16:33
Трета јавна дебата за стратегијата за култура
Дебата на културните работници за нацрт- текстот за Стратегија во културата за наредните пет години. Од Министерството за култура велат- треба да се има реален пристап, а не тоа да претставува список на желби.
-
Македонија 08.11.2017 16:07
Стручно образование и обуки за возрасни
Зголемување на можностите за вработување на оние со завршено средно стручно образование и обуки може да се постигне само со приспособување на наставните програми за да се задоволат потребите на пазарот на труд, велат од Министерството за образование.
-
Економија 08.11.2017 16:05
Нов експресен пат од Штип до Радовиш
За еден месец почнува изградбата на експресниот пат Штип- Радовиш во должина од 23,5 километри. Инвестицијата чини 28 милиони евра, парите се обезбедни од Европската банка за обнова и развој. Делницата ќе се изведува на целосно нова траса.
-
Македонија 08.11.2017 15:59
Се трага по убиецот на Јанушев
СВР Скопје формира штаб кој работи на расветлување на убиството на 28 годишниот Мартин Јанушев. Се прегледуваат сите снимки од полицискиот видео надзор и од приватните камери. Испрашани се 35-мина, брифираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Вели дека има напредок во истрагата.
-
Економија 08.11.2017 15:41
Протест на работници од кавадаречки „Фени“
Работници од кавадаречки „Фени“ на протест. Незадоволни се од покренувањето на стечајна постапка од најголемите доверители: Стопанска банка- Скопје, Комерцијална и Силк Роуд банка.
-
Македонија 08.11.2017 15:39
Преговарачите за името на нова средба до крајот на ноември
Средба на преговарачите за името до крајот на месецот без присуство на медијаторот Метју Нимиц, најави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. Освен убавите зборови, Димитров истакна дека повеќе би сакал да има конструктивни ставови.










