Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски и раководителот на Службата за информатика, вчера во Основниот суд- Гевгелија вршеле контрола на функционирањето на АКМИС системот.
Вести
-
Македонија 13.10.2017 14:45
-
Култура 13.10.2017 14:41
„Кога денот немаше име“ и во Македонија
Филмот ги обработува проблемите на младата генерација и меѓуетничките тензии. Режисерката вели- кога се гледам себе си, мислам дека е моја должност да одам пред тековите на општеството и да ги поставувам вистинските прашања во однос на некои есенцијални проблеми кои се однесуваат на сите нас.
-
Економија 13.10.2017 12:55
Раст на прометот во индустријата
Прометот во индустријата во август годинава во однос на истиот период лани е поголем за 4,6 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоците, прометот во индустријата остварен на домашниот пазар бележи пад од од 5,2 проценти, а на странски пазари пораст од 7,5 отсто.
-
Македонија 13.10.2017 12:46
Доверливиот изборен материјал доставен до Општинските изборни комисии
Избирачкиот список, печатите, гласачките ливчиња и кутиите се дистрибуирани во Општинските изборни комисии. До утре, пак, тие треба да го предадат изборниот материјал на избирачките одбори.
-
Свет 13.10.2017 12:28
Сирија: Турската армија се распоредува во Идлиб
Турската армија почна да поставува набљудувачки пунктови во сириската северозападна област Идлиб, кадешто турција најави дека ќе го спроведе планот за создавање на безбедна зона.
-
Македонија 13.10.2017 12:24
Владата обелодени уште три случаи на злоупотреби од претходната власт
Набавки од Службата за општи и заеднички работи и во Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, ангажирање советници на поранешниот премиер.
-
Македонија 13.10.2017 12:09
Сообраќајот на бул. „Илинден“ пренасочен кај Владата
Поради предизборен митинг, од синоќа од 22:00 часот се до сабота во 02:00 часот, сообраќајот на булеварот „Илинден“ ќе биде пренасочен во двата правца на потегот пред Владата, информира Министерството за внатрешни работи.
-
Култура 13.10.2017 12:02
Шекспировата „Сон на летната ноќ“ на сцената на Битолскиот театар
По изведбата на Охридско лето, шекспировата пиеса „Сон на летната ноќ“, во режија на Џон Блондел, ансамблот на Битолскиот Народен театар премиерно ја поставува и на матичната сцена.
-
Свет 13.10.2017 11:51
Најмалку 31 загинат во пожарите во Калифорнија
Најмалку 31 лица загинаа, над сто се повредени, а неколку стотици се водат како исчезнати во силните пожари што ја зафатија американската сојузна држава Калифорнија. Пожарите досега зафатија површина од 190.000 хектари и уништија над 3.500 станбени и деловни објекти.
-
Свет 13.10.2017 11:34
На Европа ѝ се заканува ураганот „Офелија“
Ураганот „Офелија“ кој неодамна беше формиран над Атлантикот може да погоди делови од Европа. Според прогнозите, „Офелија“ уште викендов би можела да стигне до португалските Азорски острови, а потоа и до Ирска.










