За 50 години од основањето до денес, постигнавме респектабилни резултати. Само во научно истражувачката работа и уметноста, досега се организирани близу 500 научни собири, а реализирани 800 научно истражувачки и уметнички проекти, рече на свечената седница претседателот на МАНУ, Таки Фити.
Вести
-
Македонија 09.10.2017 15:47
-
Македонија 09.10.2017 15:23
Метео: Стабилно време во наредните денови
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала облачност и со слаб ветер претежно од променлив правец.
Максималната температура ќе достигне до 24 степени. Во Скопје утре до 22 степена.
-
Свет 09.10.2017 15:17
Турски војници влегоа во Сирија
Турската армија влезе на територијата на Сирија и извршува „разузнавачки активности“ како дел од операцијата што се спроведува во сириската провинција Идлиб.
Целта е да биде следено примирјето договорено во Астана меѓу владините сили и бунтовничките групи.
-
Македонија 09.10.2017 15:11
Казна за случајот со починатите новороденчиња
Лекарката на чиешто дежурство починаа четири бебиња ќе работи под надзор на друг специјалист, ќе зема и пониска плата за 30 проценти. Ваква одлука донесе дисциплинската комисија.
-
Македонија 09.10.2017 15:05
Поддршка од Шведска и Финска за Македонија
Македонија и државите од Западниот Балкан имаат иднина во Европската унија, изјавија шефовите на шведската и финската дипломатија при првата заедничка посета на земјава.
-
Македонија 09.10.2017 13:29
Регистриран земјотрес во околината на Охрид
Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала утринава е почувствуван во Охридскиот регион.
-
Свет 09.10.2017 13:15
Пуџдемон: Ќе го примениме она што го налага законот
Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон изјави дека Каталонија ќе го примени законот за референдум, кој повикува на прогласување независност ако референдумот покаже дека повеќето гласачи се одлучиле за независност.
-
Економија 09.10.2017 13:09
Авиосообраќај: Бројот на превезени патници зголемен за 12%
Во првите девет месеци преку двата домашни аеродрома патувале 1.546.000 патници, што претставува зголемување за 12 насто во однос на лани. Бројот на опслужени авио летови е зголемен за шест проценти.
-
Македонија 09.10.2017 13:05
Се одложи судењето за случајот „Сопот“
Адвокатите во случајот „Сопот“ побараа одложување на судењето, по што беше презакажано за 18-ти октомври.
-
Македонија 09.10.2017 13:00
Откриени 14 мигранти од Пакистан во возило кај Удово
Полициски службеници од Полициска станица- Валандово вчера пронашле патничко возило „Ауди А6“ со скопски регистарски ознаки со 14 лица мигранти од Пакистан, без возач.










