Пензионерот Панче Ангелов и се извини на министерката Радмила Шекеринска затоа што ја влечеше и кубеше на 27-ми април за време на Собраниските настани. Ја призна вината за, како што рече, грозоморното дело што го сторил, но појасни дека не сакал да ја малтретира, туку да и помогне.
Вести
-
Македонија 06.10.2017 14:36
-
Македонија 06.10.2017 13:50
Кривична пријава за градоначалникот на Берово
Градоначалникот на Берово заработи кривична пријава поради злоупотреба на службена положба. Според МВР, тој без решенија и без патни налози го користел возилото на општината за сопствени потреби.
-
Економија 06.10.2017 13:03
БЕГ и ЕЛЕМ- Енергетика од утре ќе испорачуваат топлинска енергија
Утре „Балкан Енерџи Груп“ почнува со испорачување на топлинска енергија до корисниците.
-
Свет 06.10.2017 12:54
Грција казни шест врвни козметички фирми заради договарање цени
Грчката Комисија за конкуренција казни шест козметички фирми, меѓу кои и американската „Есте Лаудер“ и француската „Лореал“, како и „Кристијан Диор“, со околу 19 милиони евра поради договарање цени.
-
Македонија 06.10.2017 12:47
Финансиска полиција: Кривични пријави против седум лица, првоосомничен градоначалникот на Вевчани
Финансиската полиција поднесе кривични пријави против седуммина. Се однесуваат на злоупотреба на службената положба и овластување, злоупотреба на постапка за јавен повик, за доделување договор за јавна набавка и за помагање. Првоосомничен е градоначалникот на Вевчани.
-
Македонија 06.10.2017 12:44
Јанева: Се анализираат материјалите земени од претресите
Сѐ уште се анализираат податоците коишто Специјалното јавно обвинителство со судски налог ги обезбеди вчера, а кои се поврзани со предистражната постапка за злоупотреба на АКМИС системот во скопскиот Кривичен суд за електронска распределба на предмети.
-
Македонија 06.10.2017 12:00
АРМ: Теренската вежба „Македонски Блесок-13“ извршена на највисоко професионално ниво
Предвидените активности на теренската вежба „Македонски блесок-13“, на која се реоценуваат средната батаљонска чета и ренџерската чета, согласно НАТО концептот за оперативни способности- ниво 2, се извршени на највисоко професионално ниво.
-
Свет 06.10.2017 11:57
Германија: Најмалку седуммина загинати во бурата „Ксавиер“
Најмалку седум лица загинаа во бурата „Ксавиер“, што вчера ја погоди Северна и Источна Германија, проследена со силни ветрови уривајќи дрвја и кранови, а предизвика и прекин во железничкиот сообраќај.
-
Свет 06.10.2017 11:35
Трамп: Иран не го почитува нуклеарниот договор
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Иран не го почитува духот на нуклеарниот договор, склучен со големите сили, и рече дека наскоро ќе ја открие својата одлука за тоа дали ќе го потврди потписот на САД под тој документ.
-
Македонија 06.10.2017 11:23
Метео: Значителен пад на температурата
Под влијание на влажен и студен воздушен бран, утре во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд, на места пообилни (над 20 литри на метар квадратен), претежно во западните и севеверните делови.










