Осми ден партиски активности пред локалните избори на 15-ти октомври. Карванот на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи средби со граѓаните во Пласница и во Демир Хисар, а митинзи се најавени во Македонски Брод и во Кичево.
Вести
-
Македонија 02.10.2017 10:16
-
Свет 02.10.2017 10:12
Каталонија: Референдумот го одбележаа жестоки судири
Гласањето на референдумот за независност на Каталонија го одбележаа жестоки судири со шпанската полиција која се обиде да ги затвори гласачките места. Медиумите прикажаа инсерти од судирите на кои се гледа како полицајци удираат луѓе и се обидуваат да им одземат гласачки ливчиња и кутии.
-
Македонија 02.10.2017 10:05
Летната суша продолжи и на есен
Повремените врнеж со малку дожд во изминатиот период иако добредојдени сепак не го решија најголемиот проблем со кој се соочуваат земјоделските производители, сушата .
-
Свет 02.10.2017 07:40
За независност гласаа 90 проценти од Каталонците
Владата на Каталонија објави ноќеска дека 90 отсто од гласовите на вчерашниот референдум за независност се - за независност.
-
Македонија 01.10.2017 11:54
Локални избори 2017: Седми ден кампања
Митинзи и средби со граѓани низ повеќе градови и населени места ќе одржат денеска партиите, коалициите и независните кандидати, кои учествуваат на локалните избори закажани за 15 октомври годинава.
-
Свет 01.10.2017 11:50
Референдум за независност: Каталонците гласаат, полицијата ги затвора гласачките места
Гласањето на референдумот за независност на Каталонија почна денеска на голем број избирачки места. На дел од гласачките места, полицијата од утринава се обидува да ги спречи луѓето да гласаат, а на одделни места се регистрирани инциденти.
-
Македонија 29.09.2017 16:44
Касами: Имаме понуда која е реална
Кандидатот за градоначалник на општина Тетово од движењето БЕСА, Билал Касами предизборната програма ја промовираше пред жителите на Порој. Рече дека во неговата програма се предвидени капитални и инфраструктурни проекти, изградба на паркови, спортско - рекреативни објекти.
-
Македонија 29.09.2017 16:38
СДСМ: Ќе се решаваат проблемите на општините
„Целта на централната власт е да се приближи на локалната и да биде сервис на општините, за граѓаните да имаат подобри услови за живот“, рече заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска пред граѓаните на Гостивар.
-
Македонија 29.09.2017 16:36
Ахмети: Се залагаме за градење човечки вредности
ДУИ има изградено национални вредности, но пред сѐ се залагаше за градење човечки вредности, со капацитети добро подготвени за да им служат на граѓаните, во служба на иднината, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети при презентирањето на митингот во Арачиново.
-
Македонија 29.09.2017 16:33
Груевски: Исправени сме пред историска одлука, на Македонија ѝ се потребни докажани луѓе
На Македонија ѝ се потребни докажани луѓе. Исправени сме пред историска одлука за иднината на нашата земја. Доведени се во прашање нашата економија, националниот идентитет, култура, јазик, држава.









