Од Алжир, младите ракометари се враќаат како шеста сила во светот. Направивме историски успех за Македонија и се надеваме дека секој ќе се гордее со тоа што направивме за оваа земја, велат членовите на Македонската ракометна репрезентација за играчи до 21 година.
Вести
-
Македонија 01.08.2017 12:42
-
Македонија 01.08.2017 12:38
Раскажувања на преживеаните Илинденци од Смилево
За животот и делото на славните смилевски Илинденци и денеска има живи раскажувачи. „Искажувањата на преживеаните Илинденци од Смилево“ е само еден од натписите со кои располагаат просветните работници во пензија Ристо Марушевски и Петар Лумбарковски.
-
Македонија 01.08.2017 12:29
Под крушевските куќи и улици таен тунел на Илинденските револуционери
Една изградба на куќа и трасирање улица пред 40 години открија нова алка во бурната Илинденска историја на легендарното Крушево. Откриен е подземен тунел од пред 150-ина години. Крушевчанката Домника се сеќава како вчера да било.
-
Свет 01.08.2017 11:32
Колумбија: Почна преместувањето на оружјето на бунтовниците
ОН почнаа со преместување на контејнерите со над 7.000 парчиња оружје од зоните за демобилизација, каде што биле предадени од поранешните борци на најголемата бунтовничка организација во Колумбија.
-
Култура 01.08.2017 11:27
„Ноти за Илинден“ - концерт со настап на Весна Ѓиновска-Илкова
Во пресрет на националниот празник Илинден, вечер од 20.30 часот на плоштадот „Македонија“ ќе се одржи концерт на камерен оркестар под диригентство на Бисера Чадловска, на кој солистка ќе биде оперската певица Весна Ѓиновска-Илкова.
-
Македонија 01.08.2017 11:16
Владата расправаше за Законот за јазиците
Владата на Република Македонија на 18-та седница ја отвори дебатата за усвојување на Предлог-законот за употреба на јазиците, соопшти денеска владината прес-служба.
-
Свет 01.08.2017 11:13
Земјотрес од 5,3 степени според Рихтер во близина на Крит
Земјотрес со сила од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска бил регистриран во Средоземно Море, крај брегот на грчкиот остров Крит.
Епицентарот бил на околу 43 километри од јужното крајбрежје на Крит, на длабочина од 16 километри.
-
Македонија 01.08.2017 10:59
Македонија кодомаќин на средбата на Пенс со членките на Јадранската повелба
Утре во Подгорица ќе се одржи состанок на земјите членки и на државите набљудувачи на Јадранската група, чиј кодомаќин заедно со Црна Гора е Република Македонија.
-
Економија 01.08.2017 10:42
Од денес пониска цена на парното
Потрошувачите од Скопје кои се снабдуваат со топлинска енергија од Балкан Енерџи Груп, од денеска во просек ќе плаќаат за 2,75 насто пониска цена за парно греење.
-
Свет 01.08.2017 10:35
Џонсон: Венецуела е на раб од катастрофа
Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон предупреди дека Венецуела се наоѓа на „раб на катастрoфа“ откако претседателот Мадуро доби поголеми овластувања.
Џонсон рече дека владата на Мадуро мора да се запре пред да биде доцна.









