Со 62 гласа „за“, 44 „против“ и пет „воздржани“, Македонија ја доби новата Влада предводена од Зоран Заев. Вкупно 25 министри веднаш по изборот положија свечена заклетва дека ќе ги бранат интересите на граѓаните и државата.
Вести
-
Македонија 01.06.2017 13:22
-
Македонија 01.06.2017 13:15
Тевдовски ја презеде функцијата од Миноски
Во Министерството за финансии на Република Македонија денеска беше извршено примопредавање на должноста министер за финансии. Новиот министер за финансии Драган Тевдовски го презеде кабинетот од својот претходник Кирил Миноски, кој ја извршуваше оваа функција од јуни минатата година.
-
Македонија 01.06.2017 12:56
Евроатлански честитки до новата Влада
Стигнаа и првите евроатлантски честитки до новиот македонски кабинет.
-
Македонија 01.06.2017 12:49
Нова парламентарна седница
Измени на Изборниот законик и на закони од образованието на дневен ред на денешната седница на Собранието. Пратениците денеска ќе треба да изберат и претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите.
-
Македонија 01.06.2017 12:46
Инцидент пред Министерството за здравство, пукано во Тодоров
Инцидент пред Министерството за здравство, пред примопредавањето на фукцијата. Од полицијата соопштуваат дека бил физички нападнат поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.
Настанот е пријавен во МВР 5 минути после пладне. Во полициска станица е приведено едно лице.
-
Македонија 01.06.2017 12:38
Претседателот Иванов на средба со членовите на новата Влада
Претседателот Ѓорге Иванов денеска, во Вилата Водно, ги прими членовите на новата Влада на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев.
-
Свет 01.06.2017 12:35
Црна Гора забрани влез за 149 државјани на Русија и на Украина
Црна Гора им забрани влез на 149 државјани на Русија и на Украина поради украинската криза и анексијата на полуостровот Крим.
-
Свет 01.06.2017 12:13
Јункер предупреди- ќе запрат преговорите со Турција ако се врати смртната казна
Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер предупреди дека враќањето на смртната казна во Турција ќе ги запре преговорите за нејзиното членство во блокот.
-
Македонија 01.06.2017 11:58
Тренеска- Дескоска: Ќе вложам максимални напори да го подобриме квалитетот на образованието
Во Министерството за образование примопредавање на функциите министер меѓу Пиштар Љутфиу и Рената Тренеска- Дескоска. Новата министерка изрази надеж дека на денешната собраниска седница ќе биде укинато екстерното тестирање.
-
Македонија 01.06.2017 11:51
Спасовски ја презеде функцијата министер за внатрешни работи
Оливер Спасовски ја презеде функцијата министер за внатрешни работи од Агим Нухиу кој беше технички министер за внатрешни работи од декември минатата година.









