Во првиот ден од викендот не очекува сончево време со умерена облачност. Во североисточните делови облачноста ќе се зголеми и ќе донесе услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 60 километри на час.
Вести
-
Македонија 07.04.2017 14:33
-
Македонија 07.04.2017 13:23
Иванов: Платформата цели кон биетничка држава
Суштината на Тиранската платформа е да се смени уставното уредување на Република Македонија и земјата да стане биетничка, да се изврши кипаризација на Македонија, изјави претседателот Иванов, во интервјуто за Хрватската национална телевизија.
-
Македонија 07.04.2017 13:01
Припадниците на ЕБР добија сертификати за завршена обука за оперативни тактики при употреба на водени топови
Припадниците на Единицата за брзо распоредување, посебната единица на полицијата добија сертификати за завршена обука за оперативни тактики при употреба на водени топови. Обуката е реализирана со француските колеги.
-
Македонија 07.04.2017 12:57
40-ти ден протести „За заедничка Македонија“
За унитарна Македонија, денеска 40-ти ден граѓаните во земјава ќе протестираат за зачувување на единственоста на Република Македонија. Да се отфрли Тиранската платформа и да се спречат уценувањата од соседна држава- бараат од граѓанската иницијатива „За заедничка Македноија“.
-
Македонија 07.04.2017 12:51
Конститутивната седница продолжува в понеделник
Конститутивната седница на македонското Собрание продолжува в понеделник, откако вчера дебатата стана тензична.
Социјалдемократите побараа веднаш да се избира претседател на Законодавниот дом, додека од ВМРО- ДПМНЕ одговорија дека со тоа би се нарушил собранискиот Деловник.
-
Македонија 07.04.2017 12:50
Гевгелија: На 23-ти април референдум за отворање на рудници за злато на Кожуф
Референдумот за отворање на рудници за злато на Кожуф планина, во реонот на Конска Река, ќе се одржи на 23-ти април, реши вчеравечер Советот на Општина Гевгелија.
Овој датум беше утврден од ДИК, а потребните гласачки ливчиња и списоци ќе бидат подготвени од Општинската комисија.
-
Свет 07.04.2017 12:43
Нападот врз сириската база- одговор на хемискиот напад во Идлиб
Америка изведе ракетни удари врз воздушна база во Сирија како одговор на наводниот хемиски напад што се случи во Идлиб.
-
Свет 07.04.2017 12:04
На Малта се решава судбината за грчката програма за спас
Министрите за финансии на Еврогрупата очекуваат значителен прогрес на состанокот на Малта околу разговорите за економската криза во Грција.
-
Свет 07.04.2017 11:47
Одложена одлуката за испорачувањето на Рамуш Харадинај
Апелацискиот суд во Франција ја одложи одлуката за испорачување на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај за 27 април.
-
Свет 07.04.2017 11:35
По Брегзит, Лондон може да се збогува со титулата „финансиски центар на Европа“
Претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум изјави дека со Брегзит, Лондон ја губи привилегијата да биде финансиски центар на Европа.










