Вести

  • Економија 06.04.2017 15:27

    Нова германска инвестиција во тетовско

    Нова инвестиција во тетовскиот регион. Германската компанија „Франц Кил“ донесе одлука да вложи 7 милиони евра. Нивниот план првично предвидува браунфилд инвестиција во Желино со 60 работници. Ќе оперираат како добавувач за белгиската „Ван Хул“.

  • Македонија 06.04.2017 15:13

    30-тина кадети се пожалиле на симптоми на труење

    30-тина кадети од Центарот за обука- Идризово се пожалиле дека имаат симптоми на труење. Тоа се случило околу 8 часот изутрината на смотрата во Полициската академија.

  • Економија 06.04.2017 15:07

    Македонија годинава со раст на БДП од 2,8%

    Поради продолженото влијание на политичката криза економскиот раст на земјава годинава ќе биде понизок од просекот на шесте земји на Западен Балкан,се вели во редовниот економски извештај на Светска банка за регионот.

  • Свет 06.04.2017 14:58

    Нови инциденти на три локации во Русија

    Руската полиција усмрти четворица мажи осомничени за убиство на двајца сообраќајци и напад врз припадник на Националната гарда во Астрахан, јужна Русија. Радикалните исламисти пукале во припадниците на безбедносните сили, кои се обиделе да го запрат нивното возило.

  • Македонија 06.04.2017 14:54

    Конститутивната седница заглави во деловникот и процедурата

    Заглавени во деловникот и процедурата, пратениците секој со своето толкување на деловникот откако Социјалдемократите преку Оливер Спасовски побараа прекин на расправата по точката за избор на членовите на Комисијата за избори и именувања и почеток на дискусија по следната точка избор на собраниск

  • Свет 06.04.2017 14:33

    Се очекува одлуката за екстрадиција на Рамуш Харадинај

    Францускиот Апелациски суд ќе ја објави одлуката за можна екстрадиција на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај кој беше командант на Ослободителната армија на Косово во војната во 1998 година.

  • Македонија 06.04.2017 14:25

    Метео: Променливо облачно, услови за слаб снег на планините

    Утре во Македонија претпладне ќе преовладува променливо облачно време, на крајниот запад ќе има услови за слаб снег на планините и на некои повисоки места.

    Во текот на денот ќе биде сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер, поизразен долж Повардарието.

  • Македонија 06.04.2017 13:12

    „За заедничка Македонија“ продолжува со протести

    Продолжуваат протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“. Се бара отфрлање на Тиранската платформа.

    Организаторите вчера маршираа до Музејот на Македонската борба за државност и самостојност, каде што се наоѓа Декларацијата за независност на Република Македонија.

  • Свет 06.04.2017 12:50

    Продолжуваат протестите во Србија против Вучиќ

    Илјадници српски граѓани повторно протестираа во Белград против победата на премиерот Александар Вучиќ на претседателските избори.

    Демонстрациите се проширија во 24 градови. Граѓаните тврдат дека изборите не биле спроведени во демократски услови, а Вучиќ создал диктатура.

  • Економија 06.04.2017 12:44

    Светска банка: Македонската економија со забавен раст поради политичката криза

    Поради  влијанието на политичката криза економскиот раст во Македонија лани забави на 2,4 насто, додека за годинава се очекува реалниот бруто домашен производ да порасне за 2,8 насто, соопшти Светска банка во редовниот економски извештај за земјите од Западниот Балкан.

Pages