Во неколку градови во Србија беа одржани протести против победата на премиерот Александар Вучиќ на претседателските избори од 2-ри април. Вучиќ доби 55 насто од гласовите, додека опозицискиот кандидат Саша Јанковиќ беше втор со над 16 проценти.
Вести
-
Свет 05.04.2017 11:19
-
Македонија 05.04.2017 10:49
Руска библиотека на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“
Се отвора Руска библиотека на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Извршниот директор на Рускиот фонд Владимир Кочин ќе подари 1.100 книги на високообразовната установа.
Библиотеката ќе биде отворена за читателите во рамките на Рускиот центар при Универзитетот.
-
Свет 05.04.2017 10:38
Хајден: Тероризмот и компјутерските напади ќе бидат најголемите безбедносни закани
Тероризмот и компјутерските напади ќе бидат најголемите безбедносни закани во светот во иднина. И по поразот, Исламската држава ќе продолжи да регрутира и извршува терористички напади во Европа и во Америка, оценува поранешниот директор на ЦИА и на военото разузнавање, генерал Мајкл Хајден.
-
Економија 05.04.2017 10:32
Раст на добиточното производство
Според податоците од статистика, производството на кравјото млеко во 2016 година изнесувало 400.000 литри, што е за 11,5 проценти повеќе во однос на претходната година.
Зголемување е забележано кај овчото млеко за скоро 1 и кај козјото за 24 отсто.
-
Македонија 05.04.2017 10:30
Иванов во дводневна посета на Турција
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов е во дводневна работна посета на Република Турција каде што ќе учествува на Евроазискиот економски самит на тема „Човештвото на крстопат“.
-
Македонија 05.04.2017 08:49
Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – ЕУ
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Стразбур ќе учествува на состанокот на делегацијата на Европскиот парламент во Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска Унија.
-
Македонија 05.04.2017 08:48
Осмо продолжение на конститутивната собраниска седница
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
-
Македонија 04.04.2017 17:00
Државниот инспекторат со пријава за кривична постапка за труењето со храна во „Леар“
Државниот санитарен и здравствен инспекторат до Јавното обвинителство поднесе пријава за поднесување кривична постапка за неодамнешното труење во тетовската фабрика „Леар“.
-
Економија 04.04.2017 16:28
Рурални иницијативи за вработување
Климентина Јагуриноска и Николче Василоски од прилиепско Големо Коњари трудољубиво се обучиваа со вештини како да стигнат до работно место и да му дадат смисла на животот. Ќе добијат и возачки дозволи за да ја збогатат личната биографија.
-
Македонија 04.04.2017 16:14
Грчки медиуми: И Туск не успеа да го убедни Иванов да ја промени одлуката
Или мандат за Зоран Заев или меѓуетнички тензии и „блокада“ на и така блокираната интеграција на Македонија во Европската Унија. Вака грчките медиуми ги толкуваат пораките од посетата на претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск на Македонија.









