Сирискиот конфликт повторно ги собра светските лидери на иста маса. Овој пат мировната конференција се одржува во казахстанската престолнина Астана како дел од декемврискиот договор меѓу Русија и Турција.
Вести
-
Свет 23.01.2017 12:37
-
Македонија 23.01.2017 12:30
Метео: Нов снег и заладување
Утре во Македонија ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.
Во југоисточните региони се очекуваат и врнежи од дожд.
Снежните врнежи ќе ја зголемат висината на снежната покривка на планините за 5 до 10 сантиметри.
-
Македонија 23.01.2017 12:28
ПССЕ ќе расправа за изборите во Македонија
Зимската сесија на ПССЕ која започнува денес ќе помине без нашата делегација, со оглед дека нашето Собрание не ја има избрано по парламентраните избори одржани во декември минатата година. Токму овие избори ќе бидат тема на денешната расправа во ПССЕ.
-
Свет 23.01.2017 11:47
Белфаст: Полицаец ранет во терористички напад
Северноирски полицаец е ранет од огнено оружје во Белфаст во терористички напад. Властите приведоа 36-годишен маж осомничен за инцидентот.
-
Македонија 23.01.2017 10:54
„Ало докторе“: За една седмица 1.543 повици
На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела (од 16 јануари до 22 јануари) имало 1.543 повици, соопшти Здравствен дом Скопје.
Од 15 септември 2014 година кога почна да работи телефонската линија, досега, имало 134.982 повици.
-
Свет 23.01.2017 10:49
Советниците и помошниците на Трамп положија заклетва во Белата куќа
Околу 30 советници и помошници на американскиот претседател Доналд Трамп положија заклетва во Белата куќа.
-
Свет 23.01.2017 10:35
Невреме во јужниот дел на САД, загинаа 18 лица
18 лица загинаа во невремето што го зафати јужниот дел на САД. Во Џорџија каде што е прогласена и вонредна состојба настрадаа 14, а четворица во Мисисипи.
Торнада и бури се регистрирани и во делови од сојузните држави Тексас, Алабама, Луизијана и Флорида, но нема информација за жртви.
-
Македонија 23.01.2017 10:29
Прилепчани подготвени за наредните студени денови
Празничен, со поларна зима и грип. Јануари сѐ уште го чува зимскиот здив. Патиштата проодни, без проблем се одвива сообраќајот. По најавите за нов снег, деновиве интензивно се чистеа улиците. Дури и ноќе.
-
Македонија 23.01.2017 10:19
Нова ротација на словачки полицајци на Меџитлија
Нова група од 25 припадници на полицијата на Република Словачка денска пристигнуваат во Македонија. Ќе бидат распоредени во областа на Битола и Меџитлија на македонско-грчката граница.
-
Македонија 23.01.2017 10:15
Јолевски во работна посета на САД
Министерот за одбрана Зоран Јолевски од денеска е во работна посета на Соединетите Американски Држави, соопштуваат од Министерството за одбрана. Јолевски ќе учествува на форумот „Глобалниот тероризам и сајбер-заканите“, чиј домаќин ќе биде сенаторот Џим Ајнхоф.










