Денеска снег и дожд, викендов температури и до -16 степени. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи нов студен бран ќе ја зафати Македонија. Врнежите од снег ќе бидат умерени и ќе донесат нова снежна покривка од 5 до 10 сантиметри во западните и јужните делови.
Вести
-
Македонија 24.01.2017 14:56
-
Македонија 24.01.2017 14:45
„Тарифа“ и „Тенк“- нови случаи на СЈО
„Тарифа “ и „Тенк“ се двата нови случаја што ги отвори Специјалното јавно обвинителство. Со истрагата за „Тарифа“ се опфатени 7-мина под сомнение за сторено кривично дело- злоупотреба на службената положба во постапка за тендер на ЕЛЕМ.
-
Македонија 24.01.2017 14:14
МТСП: Корисниците да ја обноват документацијата за правата од социјалната заштита
Во петок, на 27-ми јануари истекува рокот за обнова документацијата за остварување на правата од областа на социјалната заштита. Од Министерството за труд и социјална политика апелираат сите кои досега тоа не го направиле да се обратат најблиските центри за социјална заштита и да се пријават.
-
Свет 24.01.2017 13:09
Извлечени се шест тела од хотелот во Абруцо
Шест тела се извлечени од урнатитните на хотелот „Ригопјано“ во централна Италија кој беше затрупан од лавина предизвикана од серија земјотреси. Засега се потврдени 12 смртни случаи, а 17 лица се водат за исчезнати.
-
Македонија 24.01.2017 12:59
Магла на патните правци Велес-Катланово и Скопје-Тетово-Гостивар
Врнежи од слаб снег има во Демир Капија и Удово, а магла со видливост до 100 метри на патните правци Велес - Катланово, Тетово - Скопје и Тетово - Гостивар, соопшти попладнево јавното претпријатие „Македонија пат“.
-
Македонија 24.01.2017 12:57
Хан во ПССЕ: Набрзо очекуваме влада, за името е потребно парламентарно мнозинство
Европскиот комесар задолжен за европската соседска политика и за преговорите за проширување, Јоханес Хан во обраќањето до Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) се осврна на два наврати на ситуацијата во Република Македонија и нејзините европски перспективи, во одговорите до парламе
-
Свет 24.01.2017 12:41
Врховен суд: Парламентот мора да гласа за Брегзит
Врховниот суд денеска соопшти дека Британскиот Парламент мора да гласа дали владата да го почне процесот за Брегзит. Тоа значи дека премиерката Меј не може да почне разговори со Европската унија сѐ додека членовите на Парламентот не ѝ дадат дозвола.
-
Македонија 24.01.2017 12:35
Трајановски: 2016-та успешна за Град Скопје
2016-та успоешна за градот Скопје, оцени градоначалникот Коце Трајановски. Презентирајќи ги проширувањата на булеварите и улиците во главниот град, потенцираше дека биле реализирани многу инфраструктурни проекти од значење за гарѓаните и подобрување на условите за живеење.
-
Економија 24.01.2017 12:29
Катастарот ќе бара продолжување на рокот за елаборати за легализација
Државниот Катастар ќе ѝ предложи на новата Влада да го продолжи рокот за доставување на елеборатите за легализација на дивоградбите. 10 илјади вакви документи сѐ уште не се изготвени и поднесени од страна на геодетските друштва заклучно крајниот рок, 31-ви декември минатата година.
-
Македонија 24.01.2017 12:23
„Тарифа“ и „Тенк“ - нови истражни постапки на СЈО
„Тарифа“ и „Тенк“ се новите случаи што ги отвори Специјалното јавно обвинителство. Опфатени сe 7 лица под сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба.










