Според податоците на Државната изборна комисија до 00:50 часот од преброени 1.027.271 гласови, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ освоиле 393.419 гласови, а СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ 372.986 гласови.
Вести
-
Македонија 12.12.2016 00:59
-
Македонија 11.12.2016 23:33
ДИК до 23.15 часот: 292.417 гласови за ВМРО-ДПМНЕ и 267.980 за СДСМ
Според податоците на Државната изборна комисија до 23:15 часот, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ освоиле 292.417 гласови или 39,52 отсто, а СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ 267.980 гласови или 36,22 отсто.
-
Македонија 11.12.2016 22:55
ДИК до 22.30 часот: 229.428 гласови за ВМРО-ДПМНЕ и 206.075 за СДСМ
Според податоците на Државната изборна комисија до 22:35 часот, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ освоиле 229.428 гласови, а СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ 206.075 гласови.
-
Македонија 11.12.2016 22:07
ДИК до 21.45 часот: 125.300 гласови за ВМРО-ДПМНЕ и 110.509 за СДСМ
Според податоците на Државната изборна комисија до 21.45 часот од 303.365 преброени гласови ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ освоиле 125.300 гласови, а СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ 110.509 гласови.
-
Македонија 11.12.2016 20:47
МВР: Изборите мирни, со мали инциденти
Изборниот ден помина безбедно со мали инциденти, оцени Јордан Ламаноски, помошник министер за односи со јавност во МВР на вечерашната прес-конференција.
-
Македонија 11.12.2016 19:18
Затворени гласачките места
Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните на Република Македонија можеа да гласаат на предвремените парламентрани избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.
-
Македонија 11.12.2016 18:35
ДИК: До 17 часот излезноста 60,38%
До 17 часот одѕивот од гласањето на денешните предвремени парламентарни избори е 60,38 проценти, соопшти на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Чичаковски.
-
Македонија 11.12.2016 15:25
Најголема излезност во Кривогаштани, најмала во Центар Жупа
Најголем одѕив на гласачи до 13 часот според податоците на ДИК е евидентиран во Кривогаштани - 79,12 проценти, а најмала во Центар Жупа, со 15,76 проценти.
По Кривогаштани, најголем одзив има во Новаци 48,36, Демир Капија 47,02 и во Карпош 45,46 проценти.
-
Македонија 11.12.2016 14:32
ДИК: До 13 часот гласале 34,86% од избирачите
До 13 часот одѕивот од гласањето на денешните предвремени парламентарни избори е 34,86 проценти од обработени 3.300 од вкупно 3.524 избирачки места, соопшти на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Чичаковски.
-
Македонија 11.12.2016 13:19
Охрид: Изборниот процес се одвива мирно
Утрото во 7 часот беа отворени 88-те избирачки места на подрачјето на општина Охрид,каде своето гласачко право ќе можат да го остварат над 50.200 граѓани. Изборниот процес досега се одвива мирно и без поголеми проблеми.







