Ќе го вратиме сјајот на Македонија и на балканскиот бисер, Охрид да биде град на светлината и младоста- ова е пораката од митингот на коалицијата предводена од СДСМ.
Вести
-
Македонија 06.12.2016 15:37
-
Македонија 06.12.2016 15:34
Тачи: Доколку ДПА победи убедливо, условот ќе биде премиер Албанец
Лидерот на Демократската партија на албанците Мендух Тачи пред присутните во Батинци рече дека секогаш е со посебни емоции во овие краишта и дека оваа емоција ќе продолжи во насока на грижата кон нив.
-
Свет 06.12.2016 15:21
Протести во Атина на годишнината од убиството на момче од страна на полицијата
Три илјади полицајци се ангажирани за демонстрациите во Атина по повод годишнината од убиството на Александар Григоропулос.
На 6-ти декември 2008-ма година убиството на 15- годишниот Григоропулос од страна на полицијата предизвика масовни немири.
-
Економија 06.12.2016 14:45
Прелиминарната распределба на дозволи за превоз на стоки на 12-ти декември
Поради изборнот процес прелиминарната распределба на годишните дозволи за меѓународен превоз на стоки ќе се одржи на 12-ти декември, соопшти Министерството за транспорт и врски.
-
Свет 06.12.2016 14:19
Сочи: Апокалиптични слики од олимпиското село
50% од рускиот град Сочи е под вода. Брановите на Црно Море го претворија олимпиското село во голема бара.
Многу патишта се блокирани од искорнати дрвја. Прекинато е снабдувањето со електрична енергија, а оштетени се и гасоводни цевки.
-
Македонија 06.12.2016 14:13
Метео: Утре максимална температура до 12 степени
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец особено долж Повардарието.
Максималната дневна температура ќе достигне до 12 степени. Во чевтрток ќе има услови за појава на магла, а од петок се очекува потопло време.
-
Македонија 06.12.2016 13:41
Честитка од Иванов до новиот претседател на Австрија, Ван дер Белен
Претседателот Ѓорге Иванов лично и во име на македонските граѓани му го честита на Александер Ван дер Белен изборот за нов претседател на Република Австрија, посакувајќи му успех во извршувањето на функцијата.
-
Свет 06.12.2016 13:18
Акција на Фејсбук, Мајкрософт, Твитер и Јутјуб против терористичките пропаганди
Фејсбук, Мајкрософт, Твитер и Јутјуб почнуваат заедничка акција против терористичките пропаганди на интернет.
Новата програма се состои од база на податоци за единствени дигитални отпечатоци на прсти со кои ќе се идентификуваат и отстранат содржини спротивни на прописите на компаниите.
-
Култура 06.12.2016 13:01
„Орден за заслуги на Македонија“ за Факултетот за музичка уметност
На 50 годишниот јубилеј претседателот Ѓорге Иванов му додели на Факултетот за музичка уметност „Орден за заслуги на Македонија“. Орденот е во знак на благодарност за постигнатото во изминативе пет децении.
-
Свет 06.12.2016 12:11
Сѐ повеќе британски адвокати се регистрираат во Ирска
Рекорден број британски адвокати се регистрираат во Ирска по референдумот за излез од ЕУ. Целта е да се осигура нивниот статус кога ќе работат во европски институции.










