На 170 гласачки места за кандидатските листи на коалициите и политичките партии од петата изборна единица правото на глас ќе можат да го остварат 80.259 полнолетни лица запишани во единствениот избирачки список.
Вести
-
Македонија 11.12.2016 13:17
-
Македонија 11.12.2016 11:24
ДИК: До 10 часот одѕивот 9,49 проценти
До 10 часот изутринава одѕивот од гласањето на денешните предвремени парламентарни избори е 9,49 проценти од обработени 95,09 отсто од вкупниот број запишани избирачи на ниво на Макеоднија, соопшти на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски.
-
Македонија 11.12.2016 10:55
МОСТ со први информации за текот на гласањето
Граѓанската асоцијација МОСТ информира дека се отворени сите гласачки места на кои имаат распоредено набљудувачи на денешните предвремени парламентарни избори.
-
Свет 11.12.2016 10:52
Рекс Тилерсон најверојатно нов државен секретар на САД
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најверојатно ќе наименува бизнисмен за нов американски државен секретар, којшто треба да раководи со Стејт Департментот. Државен секретар ќе биде Рекс Тилерсон, извршниот директор на компанијата од Тексас „Ексон Мобајл“.
-
Македонија 11.12.2016 10:33
На време и непречено почна гласањето во Прилеп
Непречено и навремено во 7 часот почна гласањето во Прилеп. Отворени се сите 142 избирачки места на кои своето право на глас го остваруваат 64. 472-ца граѓани запишани во основниот и посебниот избирачки список.
-
Култура 11.12.2016 10:28
Почина кралицата на ромската музика, Есма Реџепова
Утрово, по кратко и тешко боледување на 73-годишна возраст почина познатата македонска пејачка и хуманитарка Есма Реџепова Теодосиевска.
-
Македонија 11.12.2016 10:18
Се гласа на 3.526 избирачи места во седум изборни единици
Денешните предвремени парламентрани избори се спроведуваат според пропорционалниот модел во 3.480 избирачки места во шест изборни единици во Македонија и една - седма изборна единица со 46 избирачки места за гласање во странство.
-
Македонија 11.12.2016 09:10
Изборите ги следат 7.585 домашни и 667 странски набљудувачи
Предвремените парламентарни избори во Македонија што ќе се одржат во недела на 11 декември ги набљудуваат 7.585 домашни набљудувачи, 667 странски набљудувачи и 75 странски новинари. Според податоците на Државната изборна комисија, за изборите се акредитирани и 354 преведувачи.
-
Македонија 11.12.2016 09:05
Четврти предвремени парламентарни избори
Во Република Македонија денеска се спроведуваат избори за пратеници во Собранието. Ова се досега деветти парламентарни избори во Македонија, а четврти предвремени од 2008 година. Право на глас според Избирачкиот список имаат 1.784.416 граѓани, од кои 1.531.368 граѓани во Македонија.
-
Култура 10.12.2016 09:25
Ана Дурловски во „Лучија од Ламермур“ во МОБ
Сопранистката Ана Дурловски ќе го игра насловниот лик на претставата „Лучија од Ламермур“ на Гаетано Доницети, која по подолга пауза вечер ќе биде изведена во Македонската опера и балет.






