Претседателот Ѓорге Иванов ги повика граѓаните на 11-ти декември да излезат, да го остварат своето право на глас и да ја исполнат својата граѓанска должност.
Вести
-
Македонија 09.12.2016 13:41
-
Економија 09.12.2016 13:41
Раст на БДП во третиот квартал од 2,4 отсто
Македонската економија во третиот квартал забележа раст од 2,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.
-
Македонија 09.12.2016 13:30
Започна дистрибуцијата на изборниот материјал
Под силно полициско обезбедување претпладнето започна дистрибуцијата на изборниот материјал од печатница „Киро Дандаро“. На примопредавањето на избирачкиот материјал присуствуваа и членовите на ДИК кој ги потпишаа записниците.
-
Македонија 09.12.2016 11:43
СЈО: Зголемен бројот на барања за незаконски следени телефонски броеви
Специјалното јавно обвинителство денеска на својата веб страница објави дека е зголемен бројот на барања за незаконски следени телефонски броеви и дека се пристигнати 81 барање за вкупно 245 телефонски броеви.
-
Македонија 09.12.2016 10:32
Завршува изборната кампања
Партиите и коалициите кои учествуваат на предвремените парламентарни избори денеска ја завршуваат изборната кампања со презентација на нивната изборна програма пред граѓаните.
-
Свет 08.12.2016 12:51
Меј: Преговорите за Брегзит ќе бидат комплицирани
Премиерката на Велика Британија Тереза Меј изјави дека сака да го олесни Брегзит, но дека преговорите за излегување на таа земја од Европската унија ќе бидат комплицирани.
-
Македонија 08.12.2016 12:04
Метео: Сончево со мала до умерена облачност
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со услови за појава на слаба претпладневна магла по одделни котлини.
До недела температурите ќе бележат постепен пораст, а од понеделник следува период на постудено и ветровито време.
-
Македонија 08.12.2016 11:49
Честитка од премиерот Димитриев по повод Св. Климент
Претседателот на Владата Емил Димитриев упати честитка по повод празникот Св. Климент до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, до членовите на Синодот на Македонската православна црква и до сите православни верници, посакувајќи им среќа и душевен мир.
-
Економија 08.12.2016 11:45
Гентерм ќе ја проширува фабриката во Прилеп
Гентерм Македонија соопшти дека донесе одлука за проширување на постоечкиот капацитет во Прилеп во пролет 2017 година.
-
Македонија 08.12.2016 11:40
Претседателот Иванов во посета на македонско-грчката граница
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија и другите безбедносни служби задолжени за обезбедување на државната граница, во објектот на Здружениот штаб во Гевгелија.









