Лидерот на БЕСА, Биљал Касами се сретна со норвешкиот амбасадор, при што му ги пренел ставовите на движењето дека најдобро преодно решение во ситуацијата по изборите е формирање на широка коалициона влада.
Вести
-
Македонија 14.12.2016 12:56
-
Економија 14.12.2016 12:38
За 15,7% повеќе патници на македонските аеродроми
Бројот на патници низ македонските аеродроми е зголемен за 15,7 проценти во периодот јануари- ноември, покажува статистиката на Министерството за транспорт.
-
Економија 14.12.2016 12:21
Од утре во оптек новите апоени од 200 и 2.000 денари
Од утре, 15-ти декември, ќе бидат пуштени во оптек книжни пари во нови апоени од 200 и 2.000 денари, а ќе бидат повлечени банкнотите од 5.000 денари.
-
Свет 14.12.2016 11:54
Рекс Тилерсон- нов американски државен секретар
Извршиот директор на нафтениот гигант од Тексас „Ексон Мобајл“, Рекс Тилерсон е новиот американски државен секретар. Тилерсон ќе биде првиот државен секретар којшто немал искуство како политичар или воен лидер.
-
Свет 14.12.2016 11:33
Протести во Бразил, Сенатот ги усвои мерките за штедење
Бразилскиот Сенат со 53 гласови „за“ и 16 „против“го изгласа 20-годишното замрзнување на јавната потрошувачка, што е основа на планот за обновување на фискалната дисциплина и воведување контрола врз растечкиот буџетски дефицит.
-
Македонија 14.12.2016 11:29
Американска амбасада: Ова не е време за лажни вести или заговори
Американската амбасада ги негира написите во некои медиуми дека амбасадорот Џес Бејли се мешал во работата на Државната изборна комисија.
-
Свет 14.12.2016 10:52
Франција: Вонредната состојба продолжена до јули 2017-та година
Долниот дом на францускиот парламент, Националното собрание, синоќа го усвои предлог-законот за продолжување на вонредната состојба во Франција, што беше воведена по терористичките напади во париз на 13-ти ноември 2015-та година.
-
Свет 14.12.2016 10:37
Доцни евакуацијата на цивили од источно Алепо
Сирискиот центар за човекови права соопшти дека се нејасни причините заради кои е забавена евакуацијата од реони во алепо што се под контрола на бунтовниците.
-
Економија 14.12.2016 10:34
Македонски енолози во посета на Алзас
Македонски експерти по енологија и претставници на локалните власти престојуваат во францускиот регион Алзас во студиска посета на тамошната винската индустрија, една од најразвиените во светот.
-
Македонија 14.12.2016 10:26
Прекин на водоснабдувањето во Драчево
Јавното претпријатие Водовод и канализација- Скопје информира дека поради уличен дефект на цевка со пречник од 600мм на булеварот „Борис Трајковски“, пред мостот Драчево, ќе има продолжено прекинато водоснабдување на корисниците од населбата Драчево и селата Студеничани, Батинци, Моране и Зеленик










