Огласот за кандидатурите за шеф на државното Јавно обвинителство заврши. Но, ќе се чека уште неколку денови во случај некој кандидат да пуштил апликација преку пошта во законски предвидениот рок.
Викторија Милевска известува.
Огласот за кандидатурите за шеф на државното Јавно обвинителство заврши. Но, ќе се чека уште неколку денови во случај некој кандидат да пуштил апликација преку пошта во законски предвидениот рок.
Викторија Милевска известува.
Форумот во Давос беше исклучително значаен за нашата земја, вели премиерот Мицкоски. Тој вели дека се остварени средби со светски државници и бизнисмени. Ова е ставот на претседателот на Владата по обвинувањата од опозицијата дека во Давос бил статист.
Регулацијата на престојот на професионалните возачи во Шенген зоната, која ќе започне од 10 април, сериозно ќе ја наруши работата во транспортниот сектор.
Администрацијата на претседателот Трамп се обидува да го намали јавниот револт по убиството на 37-годишниот Алекс Прети во Минеаполис за време на интервенција на службата за имиграција.
Федералните агенти распоредени во Минеаполис ќе почнат да го напуштаат градот, потврдија градските власти. Администрацијата на Трамп се обидува да го намали бранот јавен револт поради убиството на 37-годишниот Алекс Прети за време на интервенција на службата за имиграција.
Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) соопшти дека членовите на анонимните жири-комисии кои решаваат за добитниците на петте традиционални годишни награди од пристигнатите дела на конкурсот, ги избрале насловите што влегуваат во полуфиналниот круг.
Вчера околу 17:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Шарски Одреди“ во Скопје, патничко возило „фолксваген фокс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А.(60) од Скопје, удрило во пешакот Б.К.(59) од Скопје.
Според најновата хидролошка информација водостојот на реката Струмица е во намалување, но можно е на поедини места во струмичко поле да има локални заезерувања.
Утре од 17 часот, Сојузот на синдикати на Македонија излегува на протест. Барањата познати, минимална плата од 600 евра, зголемување на сите други плати по сто евра, достоинствен живот на работниците.