Двојно е зголемен бројот на станбени кредити во последните пет години. Според Народната банка, македонските граѓани при купување нов дом, најчесто се одлучуваат да се задолжат кај комерцијалните банки.
Вести
-
Економија 01.08.2016 12:51
-
Свет 01.08.2016 12:14
Војската го презеде чувањето на амбасадите во Виена
Австриската армија го презеде чувањето на странските дипломатски претставништва и сличните установи во Виена. Вооружените сили ќе се грижат за безбедноста на 24 објекти во шест виенски окрузи.
-
Свет 01.08.2016 12:08
Напад на хотел во Кабул, убиени тројца напаѓачи и еден полицаец
Тројца бомбаши-самоубијци и еден полицаец се убиени во синоќешниот напад и во престрелката во хотелот „Норт Гејт“ во Кабул.
Според авганистанската полиција во престрелката биле повредени уште тројца полицајци.
Одговорноста за нападот ја презеле талибанците.
-
Македонија 01.08.2016 12:06
Почина момчето повредено во сообраќајната несреќа во Кисела Вода
Утрово почина 22 годишното момче од Скопје, кое беше повредено во сообраќајната несреќа кај Рампа во скопска Кисела Вода, што се случи ноќта меѓу 26 и 27 јули. Момчето пет дена беше приклучено на апарати за дишење и се бореше за својот живот.
-
Свет 01.08.2016 11:00
Турција: Уапсени 9 лица за нападот во хотелот во Мармарис
Турските власти соопштија дека при операција во околината на туристичкото место Мармарис на турскиот брег на Егејското Море биле уапсени девет лица, осомничени дека се дел од групата која изврши напад врз истоимениот хотел, во којшто претседателот Ердоган беше на одмор за време на обидот за воен
-
Македонија 01.08.2016 10:51
На „Ало докторе“ за една недела 1.436 повици
На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ во изминатата недела (од 25 јули до 31 јули) имало 1.436 повици.
Здравствен дом Скопје соопшти дека од 15 септември 2014 година кога започна да работи телефонската линија, досега, имало 105.773 повици.
-
Македонија 01.08.2016 10:47
Зголемен интензитетот на сообраќајот
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
-
Свет 01.08.2016 10:41
Се предадоа сите напаѓачи од полициската станица во Ереван
Сите 20 напаѓачи, кои речиси две недели беа забарикадирани во полициската станица во Ереван им се предале на властите. Претходно ги ослободиле и последните двајца заложници, откако синоќа биле одржани нови протести.
-
Македонија 01.08.2016 10:18
Четириесет и пет учесници на Школата за млади лидери на претседателот Иванов
На седмата Школа за млади лидери, што ќе се одржи од 14-ти до 26-ти август во Охрид, под покровителство на претседателот Иванов, ќе учествуваат 45 млади лидери и 21 предавач.
Предавачи се еминентни професори, бизнисмени, претставници на институции од земјава и од странство.
-
Македонија 01.08.2016 10:05
Посебен сообраќаен режим денеска и утре во Крушево
За безбедно и непречено празнување на Илинден, ќе има посебен сообраќаен режим денеска и утре во Крушево.










