Во сите средни училишта се полага вториот предмет од државната матура. Вообичаено најголемиот дел од средношколците имаат избрано англиски јазик. За најголемиот дел од учениците со кои разговаравме, тестирањето поминало лесно.
Вести
-
Македонија 13.06.2016 16:01
-
Македонија 13.06.2016 15:35
Собрание: Расправа за предлгот за импичмент на претседателот Иванов
Со одлуките за помилување на актуелни и поранешни функционери и нивни поддржувачи, Иванов долеа масло на огнот и ја продлабочи политичката криза, рече Рената Дескоска од СДСМ, образложувајќи го предлогот за импичмент за претседателот.
-
Македонија 13.06.2016 15:17
19 години затвор за убиството на Детска клиника
19 години затвор за Никола Кузмановски. Првостепениот суд го прогласи за виновен за убиството на бремената медицинска сестра што се случи на Детската клиника во Скопје.
-
Економија 13.06.2016 15:06
Стопанска комора и МЖ- Транспорт бараат деблокада на Солунското пристаниште
Македонското стопанство трпи милионски штети од блокадата на Солунското пристаниште. Робата е заглавена, не може да се реализираат договорите. Се бара алтернатива во Варна, Бургас, Драч, Бар и Риека, но трошоците за транспорт преку овие пристаништа се за трипати повисоки.
-
Свет 13.06.2016 13:33
Реакции од светот за масакрот во Орландо
Реакции и осуди стигнуваат од целиот свет за масакрот во Орландо во кој загинаа 50 луѓе. 29- годишниот Американец од авганистанско потекло, Омар Матин повреди 53 лица во ноќен геј бар на Флорида. По тричасовната заложничка драма беше застрелан од полицијата.
-
Економија 13.06.2016 13:12
Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста
Бензините поевтинуваат од полноќ. Еуросупер БС- 95 ќе има пониска цена за половина денар и ќе чини 63,5 денари. За 1 денар поевтинува 98- октанскиот бензин, на 65 денари. Цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство не се менува, мазутот поскапува.
-
Македонија 13.06.2016 13:08
Собранието расправа за предлогот за импичмент на претседателот Иванов
Почна расправата по предлогот за поведување постапка за одговорност на претседателот Иванов, зад кој стојат потписите на 52-ца пратеници од СДСМ и коалициските партнери, на ДУИ, на тројца независни пратеници и на Павле Трајанов и Лилјана Поповска.
-
Економија 13.06.2016 12:27
Во април издадени 228 одобренија за градење
Во април 2016 се издадени 228 одобренија за градење што е за 8,6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
-
Свет 13.06.2016 12:26
Венецуела на раб на пропаст
Венецеуела преживува еден од најтешките моменти во својата историја. Народот гладува. Нема струја. Фабриките не работат. Остатоци од храна се собираат по улиците.
„Ако не излезам надвор, моите деца денеска ќе немаат што да јадат.“
-
Свет 13.06.2016 10:56
Франција најави дека ќе ги протера навивачите кои предизвикуваат нереди
Француската влада најави дека ќе ги протера сите навивачи кои предизвикуваат нереди бидејќи полицијата мора да се фокусира на спречување потенцијални терористички напади за време на Европското фудбалско првенство.










