Истекува мандатот на естонскиот дипломат, Авио Орав, како шеф на делегацијата на Европската унија во Македонија.
Европската комисија информира дека налето ќе биде именуван нов амбасадор, а процесот на селекција е веќе во тек.
Истекува мандатот на естонскиот дипломат, Авио Орав, како шеф на делегацијата на Европската унија во Македонија.
Европската комисија информира дека налето ќе биде именуван нов амбасадор, а процесот на селекција е веќе во тек.
Во скопскиот Кривичен суд распит на четворицата осомничени во случајот „ТНТ“, односно за рушењето на станбено- деловниот објект „Космос“.
Осомничените беа на распит во судот и на 17 мај, но се одложи по барање на одбраната за да го заврши увидот во предметот и во доказите.
Утре во Македонија ќе преовладува умерено облачно време со локални врнежи од дожд и појава на ретки грмежи особено во попладневните часови.
Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и југозападен правец кој што на моменти ќе надминува брзина од 70 километри на час.
Врнежите во текот на овој месец ја подобрија влажноста на почвата која е добредојдена за есенските жита кои се во одлична состојба, но ја забавуваат пролетната сеидба и развојот на расадот на тутун.
Австрија на денот на изборите не доби нов претседател бидејќи двата кандидата се речиси изедначени, поради што е неопходно да се пребројат гласовите добиени по пошта.
Народната банка на Републока Македонија информира дека е намалена побарувачката за девизи од физички лица, по евидентираниот висок и невообичен раст во последната недела од минатиот месец.
Претседателот Иванов е во работна посета на Турција. Во Истанбул учествува на првиот Светски хуманитарен самит, во организација на Обединетите нации.
По четири години прекин авиокомпанијата „Чех ерлајнс“ денеска ја обнови редовната линија Скопје- Прага.
Германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл денеска во Тетово се сретна со лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.
„Лидерите да дејствуваат итно за да ја поправат штетата направена од помилувањата“- ова е пораката од американскиот дипломат Хојт Ји по разговорите со првите луѓе на големата четворка.