Барањето за импичмент на претседателот Иванов влегува во Собранието. На иницијативата на пратениците на СДСМ за утврдување одговорност на шефот на државата досега се потпишале повеќе од 50 пратеници. Потпис ставиле сите пратеници од ДУИ и тројца независни.
Вести
-
Македонија 26.05.2016 11:45
-
Свет 26.05.2016 11:03
Хилари Клинтон ги прекршила правилата за безбедно користење електронска пошта
Истрага на американскиот Стејт департмент покажа дека Хилари Клинтон ги прекршила правилата за безбедно користење на електронската пошта за време на нејзиниот мандат како државен секретар на САД, Клинтон и нејзиниот тим користеле приватни мејлови за службена работа без да добијат одобрување.
-
Свет 26.05.2016 10:52
Русија: Турција доставува материјали за експлозиви на ИД
Рускиот амбасадор при Обединетите Нации, Виталиј Чуркин тврди дека Турција доставува материјали за експлозиви на Исламска држава.
Во писмото што го испрати Чуркин до генералниот секретар на организацијата Бан Ки Мун се наведува дека тие уреди се користат масовно за терористички напади.
-
Економија 26.05.2016 10:49
Дваесет години од првиот лет Скопје - Виена
Со пристигнување на авион на авиокомпанијата „Аустриан ерлајнс“ денеска на скопскиот аеродром „Александар Велики“ ќе биде одбележана 20-годишнината од првиот лет Скопје - Виена.
-
Култура 26.05.2016 10:47
„Турандот“ вечер на Мајски оперски вечери
Во рамки на 44 Мајски оперски вечери денеска ќе биде изведена операта „Турандот“ на Џакомо Пучини со гостување на уметници од повеќе земји. Режисер, сценограф и костимограф е Џанкарло дел Монако од Италија, од каде е и диригентката Џанa Фрата.
-
Македонија 26.05.2016 10:28
Расте бројот на холандски туристи
Македонија е сеуште неоткриена дестинација за повеќето европјани. Земјата нуди бројни изненадувања и има огромни потенцијали, но сепак она по што се издвојува од сите други познати туристички дестинации во светот се пријателството и љубезноста на домаќините.
-
Македонија 26.05.2016 10:11
Помал откуп на земјоделски производи
Вкупниот откупот и продажбата на земјоделски производи на почетокот од годинава бил помал за 14,6 проценти од лани.
-
Македонија 26.05.2016 09:58
Завршува проектот за имплементација на активните мерки и услуги за вработување
Во ЕУ Инфо центарот во Скопје денеска ќе биде заокружен твининг проектот за поддршка на Агенцијата за вработување во имплементација на активните мерки и услуги за вработување.
-
Македонија 26.05.2016 08:17
Седници на две собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет и за транспорт, врски и екологија.
-
Свет 25.05.2016 15:15
Оштетени возила при уривање на крајбрежно шеталиште во Фиренца
Околу 20 возила се оштетени денеска при уривање на шеталиште крај брегот на реката Арно во италијанскиот град Фиренца.










