Вести

  • Економија 25.05.2016 14:56

    Автопатот Миладиновци- Штип готов в година

    Вкупно 95 отсто од автопатот Миладиновци – Штип се пробиени, 9,5 километри се веќе асфалтирани, а се работи и на изградба на мостовите, потпатниците, натпатниците, вијадуктите,.., рече денеска премиерот Емил Димитриев откако, во придружба на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, извр

  • Македонија 25.05.2016 14:52

    Уставниот суд ги поништи одлуките за распуштање на Собранието

    Уставниот суд денеска донесе едногласна одлука со која се поништуваат Одлуката за распуштање на Собранието на РМ од јануари 2016 и Одлуката за изменување на Одлуката за распуштање на Собранието на РМ од февруари 2016 година.

  • Македонија 23.05.2016 20:38

    Советот на ЕУ ја одложи расправата за Македонија

    И покрај најавите, Советот за надворешни работи на ЕУ денеска не разговараше за состојбата во Македонија. Дискусијата за нашата држава е одложена за на 20 јуни, поради недостаток на време и отсуството на министрите кои ја поднесоа иницијативата.

  • Македонија 23.05.2016 18:41

    Набавени 50 илјади вакцини за болеста „чвореста кожа“

    Агенцијата за храна и ветеринарство попладнево соопшти дека се обезбедени 50 илјади дози од вакцината против болеста „чвореста кожа“ кај говедата за итна вакцинација на добитокот во 19 општини во Источна и Југоисточна Македонија.

  • Македонија 23.05.2016 17:07

    Истекува мандатот на евроамбасадорот Орав

    Истекува мандатот на естонскиот дипломат, Авио Орав, како шеф на делегацијата на Европската унија во Македонија.

    Европската комисија информира дека налето ќе биде именуван нов амбасадор, а процесот на селекција е веќе во тек.

  • Македонија 23.05.2016 15:48

    Распит на осомничени за случајот „ТНТ“

    Во скопскиот Кривичен суд распит на четворицата осомничени во случајот „ТНТ“, односно за рушењето на станбено- деловниот објект „Космос“.

    Осомничените беа на распит во судот и на 17 мај, но се одложи по барање на одбраната за да го заврши увидот во предметот и во доказите.

  • Македонија 23.05.2016 15:21

    Метео: Умерено облачно со локални врнежи

    Утре во Македонија ќе преовладува умерено облачно време со локални врнежи од дожд и појава на ретки грмежи особено во попладневните часови.

    Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и југозападен правец кој што на моменти ќе надминува брзина од 70 километри на час.

  • Македонија 23.05.2016 14:15

    Заладувањето доведе до успорување на вегетацијата

    Врнежите во текот на овој месец ја подобрија влажноста на почвата која е добредојдена за есенските жита кои се во одлична состојба, но ја забавуваат  пролетната сеидба и развојот на расадот на тутун.

  • Свет 23.05.2016 13:51

    Гласовите по пошта решавачки за новиот претседател на Австрија

    Австрија на денот на изборите не доби нов претседател бидејќи двата кандидата се речиси изедначени, поради што е неопходно да се пребројат гласовите добиени по пошта.

  • Економија 23.05.2016 13:44

    НБРМ: Намалена побарувачката на девизи од физички лица

    Народната банка на Републока Македонија информира дека е намалена побарувачката за девизи од физички лица, по евидентираниот висок и невообичен раст во последната недела од минатиот месец.

Pages