Едно лице загина, а 26 се повредени во ракетен напад врз турскиот град Килис, во близина на сириската граница.
Откако две ракети паднале во сиромашниот дел близу до центарот, турските војници возвратиле на нападот кон Сирија.
Едно лице загина, а 26 се повредени во ракетен напад врз турскиот град Килис, во близина на сириската граница.
Откако две ракети паднале во сиромашниот дел близу до центарот, турските војници возвратиле на нападот кон Сирија.
Оружените сили на Јужна Кореја се во состојба на зголемена готовност поради можна нуклеарна проба од Пјонгјанг, кој прославува годишнина од создавањето на оружените сили.
Австралиската полиција уапси 16-годишно момче во Сиднеј поради план за напади на „Денот на Анзак“, односно денот на загинатите австралиски војници во Првата светска војна.
Годинава послаб интерес за патување за Велигденските празници, според туристичките агнеции политичката криза е причина за тоа.
На два- три дена, Македонците најчесто одат во соседството, Грција или Бугарија. Многумина ќе останат дома.
Над 30.000 демонстранти излегоа на улиците на Хановер во северна Германија, пред посетата на американскиот претседател Барак Обама. Загрижени се за Трансатлантското партнерство за трговија и инвестиции меѓу САД и ЕУ.
Агенцијата за храна и ветеринарство подготви детално упатство за преземање на биосигурносни мерки на фарма со цел да се спречи болеста.
Во рамки на 19-от Скопје филм фестивал вечер во кино „Милениум“ ќе биде прикажан играниот филм „Лазар“, по сценарио и во режија на Светозар Ристовски - премиерно во Скопје по неговата светска премиера во септември на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.
Државната изборна комисија, според Rоковникот на изборните дејствија, треба да го стави на увид избирачкиот список во подрачните едници.
Најавена е седница, на која се очекува да биде усвоен конечниот извештај од вкрстените и административните анализи. Увидот треба да зврши за 15 дена.
Во изминатата недела се регистрирани 1.530 повици за медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ (02/15 123), а од почетокот на отворањето на линијата 89.114, информира денеска Здравствен дом Скопје.
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.