Од Партијата за европска иднина бараат одговорност за рушењето на објектот Космос. Според нив, градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски треба да поденесе морална и правна одговорност. Истовремено се бара и повлекување на аболицијата од претседателот Иванов.
Вести
-
Македонија 25.04.2016 17:05
-
Македонија 25.04.2016 16:52
Средба Зариф- Попоски: Економијата и туризмот идни области за соработка
Неоткриен потенцијал лежи во билатералните односи меѓу Иран и Македонија, пред сѐ во економската и во туристичката област, но и во размената на културните вредности.
-
Македонија 25.04.2016 16:06
Нова опрема во поликлиниката во Чаир
Пет нови апарати за физикална терапија, биохемиски анализатор и ехо на срце - доби поликлиниата Чаир. Надлежните велат дека двојно ќе се зголеми листата на лабораториските услуги. Според нив, од новата лабораториска опрема најголема корист ќе имаа дијабетичарите.
-
Македонија 25.04.2016 15:53
Пропадна обидот за избор на претседател на Судскиот совет
Обидот за избор на претседател на Судскиот совет пропадна. Советот гласаше изедначено за двајцата кандидати. Секој од нив од вкупно 13 гласови доби по шест гласа, а еден глас беше неважечки.
-
Македонија 25.04.2016 15:30
Метео: Утре сончево, посвежо и ветровито време
Утре во Македонија ќе преовладува сончево, посвежо и ветровито време со умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец кој на моменти ќе достигнува брзина и до 70 километри на час.
Дневната температура ќе достигне само до 15 степени.
-
Македонија 25.04.2016 15:25
Советот на Европа во предизборна мисија
Предизборната делегација на ПССЕ, која ќе треба да ја посети Македонија има за цел да се запознае со условите за подготовките на изборите закажани за 5-ти јуни и воопшто со политичката криза која ја тресе нашата земја.
-
Економија 25.04.2016 15:15
Електронскиот отпад да се предава на колективните собирачи
Граѓаните да не го продаваат електронскиот отпад на старо, туку бесплатно да го достават во собирните центри или да го враќаат во продавниците при купувањето нов производ.
-
Македонија 25.04.2016 15:09
Од денес избирачкиот список на јавен увид
Во следните 15 дена граѓаните ќе можат да проверат дали ги има во избирачкиот список со точните податоци, доколку забележат какви било неправилности ќе може да ги пријават во подрачните канцеларии.
-
Култура 25.04.2016 14:34
Заврши евровизиската промотивна турнеја на Калиопи
Последната дестинација од едномесечната промотивна турнеја на Калиопи беше соседна Албанија, кадешто нашата евровизиска претставничка гостуваше во попладневната емисија „Колор“ на националната телевизија.
-
Македонија 25.04.2016 14:28
Притвор за српски државјанин осомничен за обид за криумчарење мигранти
На магистралниот пат Гевгелија–Скопје, во непосредна близина на село Удово, вчера во 03,40 часот од страна на мешовит патролен тим, во возило „Опел Вектра“ со српска национална ознака биле пронајдени 15 мигранти од Авганистан.









