Голема победа на СНС и Александар Вучиќ на вонредните парламентарни избори, како и на покраинските и на локалните избори. Според прелиминарните резултати на РИК напредњаците освоија 48,25% гласови или 131 мандат, повеќе од половина од 250-те пратеници во Собранието.
Вести
-
Свет 25.04.2016 14:20
-
Македонија 25.04.2016 13:55
Да се почитува Законот за електронски отпад
Квалитетно управување со отпадната електрична и електронска опрема, преку спроведување на Законот за отпад и подигање на свеста кај граѓаните, бара Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија.
-
Македонија 25.04.2016 13:34
Делегација на ПССЕ во предизборна посета на Македонија
Делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа, предводена од Стефан Шенах, социјалист од Австрија, на 26-ти и 27-ми април ќе престојува во Македонија во предизборна мисија.
-
Македонија 25.04.2016 13:08
Средба на Попоски со државниот врв на Иран
Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, во Иран имаше средба со претседателот Хасан Рохани. Во фокусот, билатералните односи меѓу двете земји.
-
Економија 25.04.2016 12:52
Во февруари 70,8% од потрошената струја од домашни извори
Македонија во февруари годинава потрошила 645.803 мегават часови електрична енергија, 13.346 милиони нормални метри кубни природен гас, 586.357 тони јаглен и 62.471 тон нафтени продукти.
-
Македонија 25.04.2016 12:48
Избирачкиот список ставен на увид
Од денеска до 9 мај граѓаните ќе можат да проверат дали нивното име се наоѓа во Избирачкиот список, кој денеска е ставен на увид во електронска верзија на веб-страната на Државната изборна комисија (ДИК) и во 34 подрачните единици на Комисијата во земјата.
-
Македонија 25.04.2016 12:43
Бегалците од Идомени бараат нови рути
Мигрантите сместени во кампот во Идомени бараат нови патишта за да го продолжат патот кон централна или северна Европа поради затворењето на границата меѓу Грција и Македонија, соопшти „Њуз.ин“.
-
Свет 25.04.2016 12:32
Круз и Кејсик се здружија против Трамп
Ривалите на фаворитот за номинација на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп, Тед Круз и Џон Кејсик презедоа необичен потег, објавувајќи план да ги координираат своите стратегии на внатрепартиските избори во преостанатите држави со цел да му ги одземат делегатите на Трамп п
-
Македонија 25.04.2016 12:14
Денот на трудот и првиот ден на Велигден неработен за сите граѓани
Денот на трудот 1 мај 2016 година (недела), односно 2 мај 2016 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
-
Македонија 25.04.2016 11:46
Акција „Геодет“: Поднесени уште три кривични пријави
Финансиската полиција поднесе кривични пријави против тројца скопјани за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и за „помагање“. Овој случај е поврзан со претходната акција „Геодет“, во која за катастарски малверзации од пет милиони евра беа упасени 19 луѓе.










