Советот за етика со апел до медиумите да не ја злоупотребуваат својата улога и да не служат како платформа за потпалување на ситуацијата и засилување на тензиите во општеството.
Вести
-
Македонија 20.04.2016 11:15
-
Македонија 20.04.2016 10:51
Македонија 118-та на листата на „Репортери без граници“
Македонија годинава се најде на 118-то место на ранг листата на „Репортери без граници“ посветена на слободата на печатот.
Најдобар резултат на листата од вкупно 180 земји што ја подготви невладината организација со седиште во Париз, шеста година по ред има Финска.
-
Македонија 20.04.2016 10:37
Попоски на министерски состанок во Солун
Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски утре и задутре во Солун ќе учествува на министерски состанок посветен на прекуграничната соработка во контекст на кризата со бегалците и мигрантите.
-
Македонија 20.04.2016 10:32
„Транспортер“: Притвор за еден осомничен, за три лица мерки за претпазливост
Скопскиот Кривичен суд му одреди притвор на еден осомничен во случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство.
-
Македонија 20.04.2016 10:20
ДИК: 7,5 милиони евра буџет за изборни активности
Седум и пол милиони евра е буџетот со кој ДИК ќе ги реализира изборните активности. Членовите на Комисијата го усвоија финансискиот план за распределба на средства за предвремените парламентарни избори.
-
Свет 20.04.2016 10:16
Трамп и Клинтон победници на прелиминарните избор во Њујорк
Доналд Трамп и Хилари Клинтон освоија клучна победа на прелиминарните избори на домашен терен во Њујорк. Со оваа победа, Доналд Трамп ја зацврсти водечката позиција како претседателски кандидат на Републиканската партија и е на чекор да ја освои номинацијата на конвенцијата во јули.
-
Економија 20.04.2016 08:31
Караванот „Купи куќа за млади“ во Дебар и Берово
Во рамки на Караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ денеска ќе се одржи презентација во Дебар и во Берово.
Презентациите ќе почнат во 17 часот, а ќе се одржат во општината во Дебар и во Бизнис инкубаторот во Берово.
-
Македонија 20.04.2016 08:25
Сообраќајот без забрани, пренасочување кај Војшанци
Сообраќајот на патиштата низ држвата се одвива без забрани по суви коловози.
Единствено на регионалниот пат Р-2137 пред населеното место Војшанци поради деформации на мостот, сообраќајот се пренасочува преку мост на реката Вардар.
-
Македонија 19.04.2016 17:16
Екстерните испити од државната матура ќе се полагаат од 4-ти до 15-ти јуни
Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар попладнево ги соопштија датумите за екстерните испити од полагањето државна матура во јунскиот рок за учебната 2015/2016 година.
-
Економија 19.04.2016 16:30
Агро бизнис зона- нов проект за земјоделците
Отворање на агро- бизнис зона, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски како еден од зацртаните проекти на партијата. Вели дека на едно место ќе бидат отворени складишни центри за трговци и компании, кои преку акции ќе купуваат и продаваат земјоделски производи, зеленчук и овошје.










