Вести

  • Економија 18.04.2016 13:16

    Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста

    Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на нафтените деривати. Нови цени од полноќ добиваат бензинот БС 95 кој поскапува за денар, а БС 98 за половина денар.

  • Економија 18.04.2016 13:13

    Зелените пазари ќе се модернизираат

    Ќе се модернизираат зелените пазари за да станат поатрактивни. Хипермаркетите се сериозна конкуренција поради што во последниве години на зелените пазари опаднала продажбата и до 20 проценти. Ќе се менуваат начинот, условите на продажба и содржините.

  • Македонија 18.04.2016 13:01

    ДИК го објави роковникот за изборните дејствија

    ДИК официјално го објави роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на предвремените парламентарни избори на 5-ти јуни.

  • Култура 18.04.2016 12:20

    Граѓаните желни за добра книга

    Штандовите полни, граѓаните желни за добра книга. И претпоследниот саемски ден мина со огромна посетеност. Се читаат и домашни и странски автори, особено драми, бестселери, романи, научна фантастика. Книга има за сечиј вкус и сечиј џеб, велат љубителите на пишаниот збор.

  • Македонија 18.04.2016 12:15

    Притвор за битолчанецот што го уби татка си

    Синот којшто го претепа татка си до смрт ќе одговара за убиство, информираат од Основото јавно обвинителство.

    По спроведената истрага, утврдено е дека на убиството му претходела расправија, по што на 15-ти април околу 21 часот синот го убил својот 82 годишен татко во семејната куќа.

  • Свет 18.04.2016 11:53

    Импичмент за бразилската претседателка Дилма Русеф

    Долниот дом на парламентот на Бразил гласаше за импичмент на бразилската претседателка Дилма Русеф. Таа е обвинета за злоупотреба на федералниот буџет.

    Русеф аргументира дека слични маневри со буџетот правеле и претходните претседатели и оти таа не е инволвирана во корупциски скандали.

  • Свет 18.04.2016 11:47

    Деблокирана железничката пруга кај Идомени

    Железничката пруга кај идомени на грчко-македонската граница денеска е деблокирана, по 30 дена, јави МИА.

    Грчката полиција побарала од мигрантите да ги отстранат шаторите кои ги имаа поставено на пругата во знак на протест против затворање на границите.

  • Свет 18.04.2016 11:16

    Еквадор: 272 загинати по силниот земјотрес

    Билансот на жртвите од силниот земјотрес во Еквадор достигна 272 лица, а 2.068 се повредени. Во шест провинции во земјата е прогласена вонредна состојба.

  • Македонија 18.04.2016 11:13

    Јолевски: Сеопфатна стратегија за справување со бегалската криза

    „Потребно е да имаме една сеопфатна стратегија во која ќе биде вклучено создавање на подобри услови за мигрантите во земјите кои се непосредни соседи на Сирија и Ирак, односно Турција, Либан и Јордан“, изјави министерот за одбрана Зоран Јолевски во интервју за Гласот на Америка, по Конференцијата

  • Македонија 18.04.2016 11:09

    Министерството за здравство со препораки поради невообичаено високите температури

    Високи априлски теператури, невообичаени за овој период од годината, слични на температурите во месец јули и август. Министерството за здравство со препораки до хронично болните и повозрасните. Сепак топлото време измами многу и во градскиот парк и во центарот на градот.

Pages