Првите резултати во справувањето со илегалната миграција се постигнати. По еден месец од ефектуирањето на договорот Брисел- Анкара и затворањето на Западно-балканската рута на чиј бедем се најде Македонија, запрен е напливот на мигранти кон европските дестинации.
Вести
-
Македонија 19.04.2016 16:22
-
Македонија 19.04.2016 16:05
Единаесет доктори на специјализација во Белград и во Загреб
Десет лекари ќе заминат на специјализација во Белград, а еден во Загреб- велат од Министерството за здравство. Лекарите ќе се усовршуваат во седум области, за кои има недостиг од кадар во болниците. Една од оние кои ќе заминат е и доктор Самарџиоска, која работи во прилепската болница.
-
Економија 19.04.2016 15:56
Регионлана берза: Најатрактивни акциите на Хрватскиот телеком и ИТ секторот
Тргувањето преку регионалната платформа СЕЕ- Линк станува сѐ поинтересно за инвестотрите. Се нудат акции на 127 македонски, 151 хрватска и 109 бугарски компании. Веќе се реализирани и неколку трансакции на македонски државјани кои купиле акции во хрватски и бугарски фирми.
-
Свет 19.04.2016 15:44
Над 400 жртви и над 2.000 повредени во земјотресот во Еквадор
Спасувачките екипи во Еквадор извлекоа тројца преживеани под урнатините на трговски центар во Манта два дена по земјотресот во кој беа повредени над 2.000 луѓе. Во некои провинции е прогласена вонредна состојба.
-
Економија 19.04.2016 15:35
Инклузија на жените Ромки на пазарот на труд
Ѓулакиме Бекир е 40- годишна жена од ромска националност. Не е вработена. Аплицирала на повеќе огласи, но вратите никако да ѝ се отворат. Таа е една од шеесетината жени кои се опфатени со проектот „Поддршка за инклузија на жените ромки и жените од другите етнички малцинства на пазарот на труд“.
-
Македонија 19.04.2016 15:33
Метео: Засилен ветер и пониски температури
Од утре во Македонија се очекува значителна промена на времето, со засилен северен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 80 километри на час и пониски температури за околу 10 степени во однос на денешните.
-
Македонија 19.04.2016 15:20
Обвинителен акт против осум лица осомничени за логистика на вооружената група во „Диво Насеље“
Криеле терористи, ги хранеле и снабдувале со оружје – ова е наведено во обвинителниот акт за осуммината осомничени соработници на групата која лани, на 9 и 10 мај, во кумановската населба „Тоде Мендол“, усмрти осуммина припадници на полициската специјална единица.
-
Македонија 19.04.2016 15:11
Околу 2.000 осуденици бараат намалување на казните
Околу 2.000 затвореници бараат претседателот Иванов да им ги намали казните за 30 до 50 проценти. Осудениците на доживотен затвор пак, бараат намалување на 15 до 20 години, велат нивните ополномоштени адвокати Давидовиќ и Јанковиќ.
-
Македонија 19.04.2016 15:06
Јункер: Не ми се допаѓаат настаните кои се случуваат на границата меѓу Македонија и Грција
Советот на Европа, денес стана конкретно она што е – Европска престолнина, во која за неколку часа пред Парламентарното собрание на Советот на Европа се појавија премиерот на Турција, Ахмет Давотоглу, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кои притоа имаа и меѓусебни средби на кои
-
Македонија 19.04.2016 15:04
Водата во фонтаната на плоштадот во Скопје обоена во црвено
Водата во фонтаната „Воин на коњ“ на Плоштадот Македонија е обоена во црвено. Активисти кои биле дел од вчерашните протести фрлиле боја, со цел, како што велат на социјалните мрежи, да потсетеле на жртвите на режимот.










