Вести

  • Економија 09.02.2016 12:16

    Од утре стартува караванот „Купи куќа, купи стан“

    Од утре стартува караванот „Купи куќа, купи стан“ во рамки на кој низ 30 општини низ Македонија ќе се одржат презентации за проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.

  • Свет 09.02.2016 11:39

    Турција стравува од приливот мигранти

    Турција стравува од приливот на мигранти, изјави заменик премиерот на турција Нуман Куртулмус. Воедно, додаде дека најлошото сценарио кое во овој момент може да се случи во регионот е доаѓање на околу  600.000 бегалци како резултат на алармантната состојба во сирискиот град Алепо.

  • Македонија 09.02.2016 11:31

    Од почетокот на годинава издадени над 70 илјади потврди за азил

    Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.393 странски државјани, соопшти МВР. Најмногу потврди се издадени на државјани на Сирија- 1.055, потоа на 802 државјани на Авганистан и на 536 државјани на Ирак.

  • Свет 09.02.2016 11:25

    1,8 милијарди долари за справување со вирусот Зика

    Американскиот претседател Барак Обама побара од Конгресот повеќе од 1,8 милијарди долари за итно справување со ширењето на вирусот Зика.

  • Култура 09.02.2016 10:43

    „Кармина Бурана“ во МОБ за денот на вљубените

    По повод денот на виното и вљубените, Македонската опера и балет на 13 февруари ќе ја изведе популарната кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф. Режисер е Дејан Прошев, а диригент Иван Еминовиќ. Ќе настапат хорот и оркестарот на МОБ

  • Свет 09.02.2016 10:31

    Судир на возови во Германија, најмалку 100 лица повредени

    Најмалку сто лица се повредени во директен судир на два патнички воза во германската покраина Баварија. Најпрвин било јавено дека едниот од возовите се излизгал од шините, но подоцна полицијата утврдила дека се случил судар.

  • Македонија 09.02.2016 10:28

    Меџитлија затворена за сообраќај до 22 часот

    Граничниот премин Меџитлија денеска повторно ќе биде затворен за сообраќај поради штрајк на грчките земјоделци.

    Авто мото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на овој граничен премин ќе биде во прекин од 9 до 22 часот.

  • Македонија 09.02.2016 10:22

    Измени на законот за легализација на земјоделски објекти

    Доколку Собранието ги усвои измените, земјоделците кои го немаат решено статусот на фармите, рибниците, преработувачки капацитети и други објекти, до 31 март 2016 година ќе можат да достават барање за легализација  во општините каде што се наоѓаат објектите.

  • Македонија 09.02.2016 10:12

    Почнува судскиот процес за случајот „Диво насеље“

    Во скопскиот Кривичен суд почнува судскиот процес за случајот „Диво насеље“. 29 лица обвинети за настаните во кумановско на 9-ти и на 10-ти мај минатата година, ќе одговараат за тероризам и нарушување на уставниот поредок на државата.

    Анита Димитријевска го следи процесот.

  • Македонија 09.02.2016 08:31

    Почнува судењето за кумановските настани

    Почнува судењето за кумановските настани од мај минатата година. На обвинетилната клупа ќе седнат 29-мина. Ќе им се суди за тероризам и за нарушување на уставниот поредок.

Pages