Драма во меѓународното училиште „Вингиор“ во Индија, откако леопрад повредил шестмина. На снимките од безбедносните камери се гледа како разјареното животно напаѓа неколку лица. Бидејќи настанот се случи во недела, нема повредени ученици.
Вести
-
Свет 08.02.2016 16:28
-
Економија 08.02.2016 16:19
Голем интерес за проектот „Купи куќа за млади“
Покрај канцеларијата во Министерството за финансии, канцеларии за проектот „Купи куќа за млади“ се отворени во 33 градови во државава. Секој понеделник и вторник заинтересираните ќе може да се информираат за условите од проектот.
-
Економија 08.02.2016 16:04
Електронско следење на промените во катастарот
Повеќе од 500 имотни листови и други податоци досега граѓаните и правните лица ги презеле електронски од Катастарот. Сега во реално време, преку компјутер или паметен уред, можат да се следат поднесените барања и направените промени. Правната сигурност е гарантирана.
-
Македонија 08.02.2016 15:54
Раната дијагноза на хиперактивноста кај децата е најважна
Во речиси сите воспитни групи во градинките има по едно дете коешто е хиперактивно и има намалена концентрација. Иако оваа тема е енигма во земјава, во последниве години бројот на деца со ваква состојба бележи постојан раст - велат психолозите.
-
Македонија 08.02.2016 15:45
Новиот воз пуштен во сообраќај
Од Велес до Скопје, новиот воз ги превезе првите патници. Првото патување, велат им оставило добри впечатоци.
„Добро е, се надеваме ќе биде уште подобро дека се очекува да пристигнат и нови возови... Предноста е во удобноста“, велат патниците.
-
Македонија 08.02.2016 15:35
Македонско- косовската граница ќе се минува само со лични карти
Граѓаните на Македонија и Косово наскоро ќе можат да ја минуваат границата само до биометриска лична карта. Ова беше одлучено на денешниот состанок помеѓу вицепремиерот Хашим Тачи и македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.
-
Македонија 08.02.2016 15:19
Метео: Утре топло, во среда дожд
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и релативно топло време со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во среда попладне се очекуваат врнежи од дожд и од снег на планините.
Глеадјте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 08.02.2016 15:16
Осомничени повеќе лица во случајот со Тамара
Основното јавно обвинителство- Скопје ја извести јавноста дека за настанот што обвинителството го оформи по допрен глас за случајот на Тамара Димовска од Велес, спроведе низа дејствија.
-
Македонија 08.02.2016 15:10
Мемети: Да се почитуваат правилата за фер и демократски избори
Народниот правобранител Иџет Мемети ги повика сите институции кои се надлежни за изборниот процес да ги почитуваат и спроведуваат правилата со цел на граѓаните да им овозможат избирачкото право да го остварат на слободни избори со тајно гласање, без никави уцени, притисоци и заплашувања.
-
Македонија 08.02.2016 14:35
Утре почнува судењето за кумановските настани
Утре почнува судењето за кумановските настани од мај минатата година. На обвинетилната клупа ќе седнат 29-мина. Ќе им се суди за тероризам и за нарушување на уставниот поредок.










