Запираат миграциите: Расте бројот на првачиња на истокот од Македонија

10.06.2014 17:10

Годинава во прво одделение во неколку општини од источниот регион ќе се запишат 60 дечиња повеќе од лани. Ова се должи пред се на странските инвестиции кои овозможија забрзан економски развој во регионот, поради што запреа миграциите...

Се зголемува бројот на првачиња во источниот регион. Годинава, во пет општини, на учишите првпат ќе тргнат 1.350 дечиња, што е за 60  повеќе од лани.

Најголемо зголемување на бројот на дечиња има во Пробиштип од 127 лани, на 138 годинава и во Штип.

„Оваа година е со раст на првачињата. Лани имавме запишано 424 ученици, а годинава до овој момент 411, додека според податоците од МВР вкупниот број на деца кои треба да се запишат е 500“,  изјава Маја Ашкилова, соработник за образование во општина Штип.

Позитивно изнанадување годинава е Виница, каде до лани бројот на запишани првоодделенчиња беше најмал, а годинава во прво одделение ќе тргнат 250 дечиња.

 „Запира иселувањето од општина Виница. Минатата и предминатат година се запишаа ист број на ученици во прво одделение, додека годинава очекуваме поголем број на дечиња“, изјава Емил Дончев, градоначалник на Виница.

Сегашното зголемување, упатува на стагнација на трендот на иселување  како резултата на подобрената економска состојба во овој дел на државата, првенствено поради влезот на странски капитал.

Од друга страна, иако  бројката на запишани првооделенчиња во источниот регион е  подобра од минатогодишната, во однос од  пред 10 години, таа е помала за најмалку 300 дечиња.

Оливера Жежова