Свет

Брисел: Престои многу работа пред траен мир во Украина

07.11.2026 13:42

По разговорите во Брисел меѓу ЕУ, НАТО, САД и Украина и неколку европски земји, ЕУ и НАТО повторија дека претстои уште многу работа пред да се постигне праведен и траен мир во Украина.

По разговорите во Брисел меѓу ЕУ, НАТО, САД и Украина и неколку европски земји, ЕУ и НАТО повторија дека претстои уште многу работа пред да се постигне праведен и траен мир во Украина, иако ја поздравија најновата иницијатива за средба на највисоко ниво на двете страни.

„Секој договор треба и да се спроведе, а за негово спроведување е потребна вклученост на Европа. Во однос на ваков договор се поставува како прашање што ќе биде со санкциите, што ќе биде со замрзнатите средства? За сите овие прашања одлучува Европската унија. Може да се прават обиди за постигнување договор – сме биле сведоци на такви обиди, но тие едноставно не успеаја, бидејќи Европа беше изоставена“, Каја Калас, Висок претставник на ЕУ.