Блиски Исток

Вашингтон прогласува воен крај на војната, Техеран поставува седум услови

10.11.2026 12:45

САД оценуваат дека војната со Иран практично е завршена од воен аспект, но не ја исклучуваат можноста за нова воена акција. Техеран, пак, ги отфрла тврдењата за наводни преговори

Вашингтон тврди дека војната со Иран, од воен аспект, практично е завршена, но САД остануваат подготвени за евентуална нова воена акција.

Од Техеран, пак, порачаа дека Вашингтон треба да престане да пласира, како што велат, лажни вести за наводни преговори и да ги прифати седумте услови на Иран за завршување на војната.