Регион

Бугарија завиена во црно по вчерашните верижни судири

11.11.2026 12:00

Возачот на камионот што вчера предизвика еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ е задржан во полиција.

Бугарија завиена во црно по вчерашните стравотни верижни судири во кој загинаа 12 лица, а над 50 беа повредени. Возачот на камионот што вчера предизвика еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ е задржан во полиција.

Возачот, кој е државјанин на Романија, веќе еднаш е сослушан од полицијата, но се очекува дополнително да биде сослушан во текот на денот во рамки на предистражната постапка.