САД

Трамп: Сакам да ја решам Куба, не исклучувам воена сила

13.11.2026 12:01

За време на Генералното собрание на Обединетите нации во септември, изјави дека САД бараат „фундаментална промена“ на островот...

Американскиот претседател Трамп изјави дека сака да ја реши Куба пред заминување од функцијата, притоа не исклучувајќи и употреба на воена сила. Ја опиша земјата како пропадната држава и истакна дека добил силна поддршка од гласачите со кубанско потекло на Флорида.

Претходно неделава Трамп изјави дека верува оти Куба „наскоро ќе падне“. За време на Генералното собрание на Обединетите нации во септември, изјави дека САД бараат „фундаментална промена“ на островот.

На почетокот на овој месец, администрацијата на Трамп најави нов пакет санкции против Куба. Мерките се насочени кон 10 поединци и субјекти поврзани со кубанската влада, војската и нафтената индустрија.