БЛИСКИ ИСТОК
Иран изврши напади со дронови врз Бахреин, затворен Ормускиот Теснец
15.11.2026 11:58
Се огласија сирените за тревога, по што жителите беа повикани да се засолнат...

Иранската Исламска револуционерна гарда нападна американски радар во база за хеликоптери во Бахреин. Се огласија сирените за тревога, по што жителите беа повикани да се засолнат. Нападот следува по само еден ден од изјавите на американскиот државен секретар Марко Рубио дека „војната со Иран од воен аспект е завршена“ и дека „засега нема потреба од нови напади врз Иран, бидејќи веќе е многу ослабнат“.
Иранската револуционерна гарда соопшти дека Ормускиот Теснец е затворен и предупреди дека секој американски напад ќе биде пречекан со уште посилен и поодлучен одговор.
