Мицкоски во посета на Делчево, увид во два инфраструктурни проекта
Здравствениот дом „Гоце Делчев“ и градската спортска сала во Делчево се во фокусот на денешната посета на премиерот Христијан Мицкоски. Ќе изврши увид во тековните градежни активности во здравствената установа, како и во почетокот на реконструкцијата на спортската сала.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети општина Делчево, каде што на терен ќе се запознае со текот на реализацијата на два инфраструктурни проекти од областа на здравството и спортот.
Во рамки на посетата, предвиден е обиколка на Здравствениот дом „Гоце Делчев“, каде што се изведуваат градежни зафати за подобрување на условите за работа и давање здравствени услуги.
Мицкоски ќе ја посети и градската спортска сала во населбата Спортско-рекреативен центар, каде што започнува реконструкцијата на објектот.
Со овие инвестиции, локалната инфраструктура треба да добие подобрени услови за здравствена заштита, како и современ простор за спортски активности и рекреација.
