Собрание

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година

24.11.2026 09:02

На вчерашното продолжение на седницата беа разгледани 12 амандмани поднесени од опозициските партии, кои не добија поддршка од Комисијата.

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година, за кој се поднесени вкупно 400 амандмани од овластени предлагачи.

На вчерашното продолжение на седницата беа разгледани 12 амандмани поднесени од опозициските партии, кои не добија поддршка од Комисијата.

Во Предлог-буџетот за 2027 година вкупните приходи се планирани на 395,4 милијарди денари, што е за 5,7 проценти повеќе во однос на годинава, додека расходите се проектирани на 440,4 милијарди денари или за 4,8 проценти повеќе во споредба со 2026 година.

Буџетскиот дефицит е проектиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП, а за капитални инвестиции се планирани 40,8 милијарди денари. Даночните приходи се проектирани на 223,1 милијарди денари, додека за социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари, од кои 123,8 милијарди денари за исплата на пензии.