Енергетика: Македонија да не биде зависна од еден извор и еден добавувач!
05.11.2014 17:04
Ранливоста на енергетските системи на балканските земји е реален проблем кој бара брза реакција од државните институции и целото општество, рекоа учесниците на конференцијата...

Македонија да се поврзе со повеќе снабдувачи на енергија од различни извори за да не биде зависна од еден вид енергија и од еден добавувач. Ова е главната препорака од конференцијата „Енергетска безбедност во Западен Балкан – политики и предизвици“ во организација на германската „Конрад Аденауер“.
Ранливоста на енергетските системи на балканските земји е реален проблем кој бара брза реакција од државните институции и целото општество, рекоа учесниците на конференцијата.
„Имаме повеќе извори, не само електрична енергија во билансот. Да се зголеми потрошувачката на природниот гас, како и на обновливите извори за енергија. Еден од заклучоците кои ги наведовме е дека во изминатата година се зголемува потрошувачката на природен гас и за тоа да се фокусираме и да градиме соодветна инфраструктура“, вели Ана Стоиловска, НВО Аналитика.
Дури 58 % од домаќинствата во Македонија користат електрична енергија за загревање, а секоја година се зголемува и увозот на струја. Можни прекини би биле проблематични за енергетската безбедност на државата- покажува студијата на Аналитика. ЕУ во последниве неколку години ја намали уптребата на гасот, констатAnchorираат учесниците на конференцијата.
„ЕУ и САД немаат интерес Русија да има поголемо влијание во Европа. Сакаат да го намалат тоа влијание. За САД пак Европа може да купува американски гас, така руското влијание ќе се неутрализира за да се има други алтернативи“, смета Мартин Владимиров – Центар за геополитички анализи.
Клучно за енергетската безбедност на Македонија е да се спроведува „Енергетската стратегија“ и она што е предвидено во неа, како и да се донесе Фондот за енергетска ефикасност, како една од клучните мерки за реализација на проекти од областа на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
Миле Ристески
