Даниел Кајмакоски победник
Дваесет македонски музички ѕвезди настапија во придружба на големиот Ревиски оркестар на МРТ на Фестивалот Скопје 2014...

Даниел Кајмакоски со композицијата „Лисја есенски“ ќе ја претставува Македонија на 60-то јубилејно издание на Изборот за песна на Евровизија 2015– та, во Виена, Австрија. Вака одлучија гледачите преку телевоутинг и членовите на меѓународно стручно жири од седум Европски радио- дифузни сервиси, во однос 50:50 проценти, според Евровизискиот принцип на одредување на победникот.
Во годината на своите значајни јубилеи, 70 години на Македонското Радио и 50 години на Македонската Телевизија, на сцената на „Метрополис“ арената во Скопје, се одржа Фестивалот на забавни мелодии – Скопје 2014. Дваесет македонски музички ѕвезди настапија во придружба на големиот Ревиски оркестар на МРТ, а според официјалните резултати, тројцата првопласирани изведувачи се:
1. Даниел Кајмакоски- „Лисја есенски“ (Музика: Јоаким Персон; Текст: Александар Митевски, Даниел Кајмакоски; Аранжман: Бобан Апостолов, Александар Митевски, Далибор Грубачевиќ)
2. Тамара Тодевска- „Брод што тоне“ (Музика/ Текст/ Аранжман: Роберт Билбилов)
3. Евгенија Чанчалова- Еги- „Да не те сакам“ (Музика: Глигор Копров; Текст: Јелена Булинац; Аранжман: Владимир Дојчиновски)
На тројцата првопласирани изведувачи им следуваат вредни парични награди: 20 илјади евра во денарска противвредност за првопласираната, 10 илјади за второпласираната и 5 илјади евра во денарска противвредност за трето пласираниот инерпретатор и композиција.
Целосните резултети од гласањето на Фестивалот на забавни мелодии „Скопје 2014“ може да ги погледете на следниот ЛИНК
