Дополнителни субвенции за пчеларите

16.01.2015 12:51

Пчеларите ќе добиваат дополнителни 1.000 денари субвенции за селекција на домашната македонска пчела. Целта е да се зголеми производството на медот...

Покрај субвенцијата од 600 денари за пчелно семејство, селекцијата на матици од македонската пчела „ Апис Мацедоника“ ќе биде финансирана и од државата со дополнителни 1.000 денари.

Причина се големите трошоците кои се прават за тестирање и честите прегледи.

Овие активности доведуваат до намалување на продуктивност и до 50 проценти.

Цел е роењето и прихрана да се што е можно поблиски до условите што ги има во природата.

Од овој вид пчели има вкупно 300 семејства во три одобрени одгледувалишта на пчелни матици.

 

Методија Трајков