Лидерот на СДСМ објави нови аудио снимки

02.03.2015 17:22

По објавувањето на така наречената „шестта бомба“, лидерот на опозицијата најави дека ќе следува објавување на нови телефонски разговори...

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави нови аудио снимки. 11 телефонски разговори на министерот за финансии, Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Министрите разговараат за буџетот, државната каса и ИПА фондовите. Според Заев, емитуваните разговори покажувале како се договарале нови кредити и како се распоределувале сумите за буџетите на министерствата.

„Овие 11 разговори доволно потврдуваат за хаосот во буџетот и за катастрофалната економска состојба во која се наоѓа Макеоднија. Овие 11 разговори целосно ја симнуваат маската на Никола Груевски, на темата каква држава е Македонија. Ако толку им било неиздржливо на Јанкулоска и на Ставрески во владата на Груевски, зошто не си заминале. Затоа што Груевски и Мијалков ги следеле, знаечле што зборуваат, имале се со што да ги уценуваат за да останат во владата“, рече Заев.

По објавувањето на така наречената „шестта бомба“, лидерот на опозицијата најави дека ќе следува објавување на нови телефонски разговори.

 

Катерина Топалова