Нема повредени, ниту позначителна материјална штета во експлозијата пред седиштето на ДУИ
Како што соопшти полицијата, синоќа околу 22 часот се слушнала детонацијата, но за среќа нема повредени, а не е причинета ниту позначителна материјална штета на објектот ниту, пак, во негова близина...

Засега непознати сторители активирале експлозивна направа на улица 170 во близина на седиштето на ДУИ во тетовска Мала Речица.
Како што соопшти полицијата, синоќа околу 22 часот се слушнала детонацијата, но за среќа нема повредени, а не е причинета ниту позначителна материјална штета на објектот ниту, пак, во негова близина.
„Единствено на асфалтната површина, односно улицата во близина наобјектот, причинето е оштетување во формана кратер со пречник од 20 сантиметри и длабочина од 10 сантиметри, каде се пронајдени и подигнати одредени траги за вештачење“, изјави Маријан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.
Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид на местото на експлозијата и се превземаат мерки и активности за целосно расветлување на сите поединости поврзанисо случајот и за откривање на сторителите, велат од тетовската полиција.
Зоран Јованоски
