„Браќа Манаки“: Златна Камера 300 за унгарскиот кинематографер Маќаш Ердели

28.09.2015 10:32

Унгарскиот кинематограф, Маќаш Ердели, јa доби наградата „Златна камера 300“ за филмот „Синот на Ааул“. „Сребрена камера 300“ доби Адам Аркапо за „Макбет“, а „Бронзена камера 300“ му беше доделена на кинематографот Матео Гусман, за филмот „Земја и сенка“...

Доделени наградите на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој синоќа заврши во Битола. Унгарскиот кинематограф, Маќаш Ердели, ј  доби наградата „Златна камера 300“ за филмот „Синот на Ааул“. „Сребрена камера 300“ доби Адам Аркапо за „Макбет“, а „Бронзена камера 300“ му беше доделена на кинематографот Матео Гусман, за филмот „Земја и сенка“.

Пред филмофилите во Битола беше доделена и специјална награда која му беше врачена на кинематограферот Мортеза Геиди од Иран за филмот „Нахид“, додека пак „Мала златна камера 300“ за најдобар краток филм доби Горан Наумовски за филмот „Долу од рајот“.

На 36-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ за прв пат беа доделни наградите „Бона Деа“ и „Златен Манаки“. Во програмата „Нов европски филм“, наградата „Бона Деа“ за најдобра фотографија ја доби Португалецот Васко Вијана кинематографер на филмот „Планина“, а наградата „Бона Деа“ за најдобар филм беше доделена на екипата што го сними филмот „Овни“. Во програмата „СЕЕ Камера“ наградата „Златен Манаки“ за најдобар кинематографер ја доби Словенецот Милош Срдиќ за филмот „Шумите се сеуште зелени“, додека награда „Златен Манаки“ за најдобар филм беше доделена за турскиот филм „Сивас“.

Ноќта на награди и признанија за високи достигнувања во светската кинематографија ја одбележаа и посебните гости на фестивалот, чешкиот кинематографер Јаромир Шофр и српскиот режисер и кинематографер Божидар Бота Николиќ, кои добија награди за животно дело.