Доделени стипендиите „Борис Трајковски“

06.10.2015 13:14

20 најдобри студенти добија стипендии „Борис Трајковски“ за постипломски студии за бизнис администрација на универзитетот Шефилд и Сити колеџот во Солун. Претедателот Иванов им порача - избрани сте како најдобри од најдобрите зашто сакате да учите и да се надградувате...

20 стипендисти добија по 15.000 евра за магистрески студии по бизнис администрација на Сити колеџот во Солун, кој е дел од универзитетот „Шефилд“ во Велика Британија. Половина од парите ги обезбедува државата, другиот дел Колеџот.  За стипендистите – ова е можност за надградба на знаењата и искуствата, кои сакаат да ги пренесат во Македонија.

Кога зборувам за односите меѓу Грција и Македонија, секогаш велам- има едно прашање што не разделува, но многу нешта кои не поврзуваат. Пример за поврзаноста се стипендиите кои не случајно го носат името на нашиот голем миротворец, претседателот Борис Трајковски, рече претседателот Иванов.

Универзитетот Шефилд секоја година е рангиран меѓу првите 100 на Шангајската листа, а во регионот работи повеќе од 20 години.

 

Александра Перевска